Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бомгартнер: Ако до крајот на годината нема уставни измени, земјата нема да пристапи кон следната фаза за членство во ЕУ
Македонија

Бомгартнер: Ако до крајот на годината нема уставни измени, земјата нема да пристапи кон следната фаза за членство во ЕУ

28/07/2023

AA

Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер изјави дека доколку до крајот на годината не се пристапи кон уставни измени, Северна Македонија не ќе може да пристапи кон следната фаза за членство во ЕУ.

-Тоа значи дека во тој момент ризикуваме да се соочиме со блокада и треба да се има на ум дека се наоѓаме во момент на забрзана политика на проширување и освен Северна Македонија има други заинтересирани земји кандидатки. Тоа е причината поради која имате толку голем број министри и претставници на властите, кои патуваат, особено доаѓаат во посета овде минатата и оваа година, за да ја упатат истата порака. Постои европски моментум, и тој не треба да се пропушти, изјави францускиот амбасадор Бомгартнер за емисијата Трилинг на ТВ 24.

Тој посочи дека голем број, како што вели, европски политички одговорни лица го посетија Скопје во последните месеци, за да потсетат и да истакнат дека решението што беше преговарано и усвоено и денес го поддржуваат сите европејци и сите европски институции, и сите држави – членки на ЕУ, е најдоброто можно решение и нема замена за него.

-И тука не станува збор да се промени формулацијата за којшто е постигнат европски консензус, туку е тоа начин и дека воопшто не постои простор за наметнување на нови услови, потенцира Бомгартнер.

Според него, стравувањата дека францускиот пакет води кон загрозување на јазикот, идентитетот, македонскиот јазик, идентитет, воопшто не се основани.

-Јас нив ги слушам, но уште еднаш ќе кажам дека доколку рационално гледаме на состојбите ќе покажеме дека нема никаква причина тие стравувања да постојат. Што се однесува до јазикот, формулата која што се преговараше е многу јасна, таа предвидува признавање на македонскиот јазик без никаков услов, без никаква забелешки, и никакви други условувања, вели Бомгартнер.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија во притвор, а 5 во

19/06/2026

Иако Основниот кривичен суд Скопје експресно ги одреди мерките за притвор на приведените во мега-скандалот во ФФМ, главниот предизвик за

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица приведени

19/06/2026

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала вкупно десет случаи на семејно насилство на подрачјата на Скопје, Кочани, Штип, Делчево, Велес и

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското

19/06/2026

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy