Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БОМБАСТИЧНА НАЈАВА НА ДИРЕКТОРОТ НА ТИРЗ: Четири мултинационални компании имаат донесено интерна одлука за инвестирање во земјава
Економија

БОМБАСТИЧНА НАЈАВА НА ДИРЕКТОРОТ НА ТИРЗ: Четири мултинационални компании имаат донесено интерна одлука за инвестирање во земјава

27/06/2025

AA

Четири мултинационални компании имаат донесено интерна одлука за инвестирање во земјава со што очекувањата се дека вкупната инвестиција ќе биде над 150 милиони евра и ќе се отворат нови 1.300 работни места, соопшти денеска директорот на Дирекцијата на технолошко-развојните зони Гоце Димовски.

На заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ рече дека 2024 година била завршена со рекордно највисоко ниво на странски директни инвестиции што според него е јасен показател за стабилноста и континуитетот за привлекување на странски инвестиции. 

– Само во последниот квартал од 2024 година имавме прилив од 400 милиони евра странски инвестиции со што календарската 2024 година ја завршивме со рекордно ниво на странски директни инвестиции од една милијарда и 250 милиони евра што претставува историски рекорд во независна Македонија. Имено, од јули 2024 година заклучно со јуни 2025 година, согласно податоците со кои располагаме, се очекува над една милијарда и 200 милиони евра странски инвестиции што е јасен показател за стабилноста и контиунитетот за прилекување на странски инвестиции во Македонија што не прави многу подобри од сите претходни влади во историјата на независна Македонија, рече Димовски. 

Тој посочи дека од јули лани со јуни годинава во зоните реализирани се инвестиции повеќе од 190 милиони евра кои ќе креираат 2000 нови работни места, а договорени се и четири инвестиции во вредност над 90 милинои евра кои ќе креираат 900 нови работни места. 

Според месечните анализи што ги прави Дирекцијата, како што соопшти Димовски, нема драстично намалување во однос на бројот на вработени, нето платата и извозот и увозот во зоните.

/faktor.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy