
БОМБА КАШИКАРА ФРЛЕНА ВО УЧИЛИШЕН ДВОР: Ја пронашол домарот, за среќа не експлодирала
Неексплодирана направа е пронајдена во дворот на средното
медицинско училиште „Сестри милосрдни“ во Мостар, поради што наставата утрово
не започна според планираното. Босанскиот медиум Bljesak.info први биле на терен и направиле и фотографии од рачната бомба и од училишниот двор.
Како што изјави за Н1 портпаролот на МВР на ХНК Људевит
Мариќ, утврдено е дека се работи за бомба „кашикара“, а по
нејзиното безбедно отстранување
ќе се води истрага како стигнала до училишниот двор.
Подолг период
јавноста е вознемирена поради дојави за подметнати бомби во училиштата во скоро
сите земји на Балканот, но денешниот случај не е во никаква корелација со
претходните случаи.
