Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НАФТАШИТЕ“ НЕ САКААТ МНОГУ ДИРЕКТОРКИ ЖЕНИ, А „МАШКАТА РАКОВОДНА РАКА“ НОСИ ПОВЕЌЕ ДОБИВКА – што друго покажа анализата на Берзата
Економија

„НАФТАШИТЕ“ НЕ САКААТ МНОГУ ДИРЕКТОРКИ ЖЕНИ, А „МАШКАТА РАКОВОДНА РАКА“ НОСИ ПОВЕЌЕ ДОБИВКА – што друго покажа анализата на Берзата

09/03/2023

AA

Колку имаме жени директорки и дали
тие успешно раководат со своите компании, подеднакво како и мажите? Вчерашниот
празник, Денот на жената, 8 март, бил интересен повод за Берзата да направи истражување
на македонските акционерски друштва.

Во својата родова анализа спроведена кај котираните компании на Берзата,
при што треба да кажеме дека тоа се секако најрелевантните претставници на
македонскиот бизнис, од македонскиот пазар на капитал педантно избројале колку
жени има како извршни директорки или како членови на органите на управување,
наспроти мажите, но и какви резултати тие оствариле во своето работење.

Еве до какви резултати дошле во својата родова анализа.

На Берзата има вкупно 91 котирано акционерско друштво, и тука не се
вклучени оние компании кои поради разни причини се суспендирани од котација на
Берзата. Во тие 91 компанија има вкупно 581 членови во органите на управување,
односно тоа се извршни директори, како и членови на управните и на надзорните
одбори.

Ако се гледа колку жени има
процентуално во органите на управување во котираните акционерски друштва, ќе се
дојде до поразителен податок дека тоа се нецели 25 проценти, или прецизно 24,8
отсто. Што значи дека само со една четвртина учествуваат жените во органите на
управување, додека на мажите им преостанува „царство“ од 75,2 отсто.

Но, ајде да видиме уште една многу
позагрижувачка информација, а тоа е дека има многу помалку жени на самиот врв,
односно се извршни директорки или претседателки на управните одбори на
компаниите. Па така, на овие главни позиции во котираните компании се генерално
мажи, и тоа 83,5 проценти, додека жени се само 16,5 отсто.

Ако се гледа, пак, колку жени има во органите на управување во фирмите кои
се елементи на главниот Македонскиот берзански индекс, а тоа се десетината најмоќни
и најзначајни македонски фирми чии акции се најтргувани на Берзата, таму има малку
подобри бројки. Па така, учеството на жените директорки или во управните одбори
на фирмите кои го сочинуваат МБИ10 бил 25,3 отсто, додека остатокот повторно
доаѓа во „светот на мажите“.

Од Берзата направиле и интересна анализа за тоа колку жените учествуваат во
органите на управување и тоа според дејноста на компаниите.

Па така, убедливо најмалку жените се
директорки во компаниите со дејноста трговија со нафтени деривати, и тоа само 6
проценти тие се на раководни позиции, а дури 94 отсто се мажи. Што ќе рече дека
„нафташите“ не сакаат да им директоруваат жени, веројатно тоа е бизнис предоминантно
за машкиот свет.

Потоа според малиот број на жени во раководствата следува фармацевтската
дејност, каде 88 отсто од членовите во органите на управување се мажи, а 12
проценти се жени.

И осигурителниот бизнис не може да се пофали со многу жени во своите
директорски редови, па така, дури 85 отсто од раководните лица се мажи, а жени
се само 15 проценти.

И, за најголема попфалба за
учеството на жените во органите на управување има во земјоделските фирми, каде
учеството на жените е дури 37 отсто.

Но, ако како жени сакаме да бидеме и
фер, една работа од анализата на Берзата не ни оди во прилог, а тоа е дека
компаниите раководени од мажи остваруваат генерално повеќе добивки од жените.

Еве што покажува анализата. Од вкупно 14 компании кои имаат жени за извршни
директорки или претседателки на управни одбори, добивка лани оствариле 78,6
проценти, додека со загуба работеле 21,4 отсто од „женските компании“.

Мажите, пак, кои се многу повеќе
директори на број, управувале со 62 котирани компании во земјава, и од нив со
загуба работеле само 16,1 отсто, додека со добивка дури 83,9 проценти. Што би
значело дека „машката директорска рака“, колку и тоа да не звучи убаво, знае да
и донесе поголема добивка на компанијата со која управува.

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова

23/09/2026
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
Македонија

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд

23/09/2026
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45760
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова го прими известувачот Томас Вајц

23/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, придружуван од шефот

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН ПАРТНЕР Министерот Муцунски за впечатоците

23/09/2026

Во периодот од формирањето на новата администрација на претседателот Трамп, ние имаме засилени односи и постојана комуникација на сите нивоа

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд со 5:3 гласа ја отфрли

23/09/2026

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица со која беа оспорени одредби од Изборниот законик поврзани со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy