Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Болсонаро си доби скапоцени камења од Саудиска Арабија – ги предаде во бразилската Централна банка
Македонија

Болсонаро си доби скапоцени камења од Саудиска Арабија – ги предаде во бразилската Централна банка

24/03/2023

AA

Претставник на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денеска и предаде на бразилската Централна банка комплетот скапоцени камења што тој ги добил од Саудиска Арабија.

Американските медиуми пренесуваат дека во филијалата на Централната банка „Каикса“ во Бразилија денеска била предадена кутија со скапоценостите, а тоа било извршено по наредба на владата.

Американските медиуми наведуваат дека властите истражуваат дали накитот бил јавен подарок што Болсонаро неправилно се обидел да го „одвои“ за да избегне да биде вклучен во јавната колекција на претседателството, или приватен подарок што Болсонаро се обидел да го внесе во Бразил без да плати данок.

Бразилските власти претходно заплениле и втор сет накит, чија вредност се проценува на неколку милиони долари, а тој комплет, исто така, не бил пријавен во даночните власти.

Болсонаро, кој негира дека сторил нешто лошо во врска со скапоцените камења, од крајот на декември се наоѓа во САД, каде замина само неколку дена пред крајот на неговиот претседателски мандат.

Неговата Либерална партија денеска преку социјалните мрежи потврди дека по повеќе од три месеци самонаметнат егзил во САД, Болсонаро на 30 март ќе се врати во земјата, откако на претседателските избори не успеа да ја поврати довербата на граѓаните.

„Претседателот на нашата партија Валдемар Коста Нето потврдува дека Жаир Болсонаро ќе се врати во Бразил на 30 март. Тој ќе се спушти во Бразилија во 7:30 часот“, се наведува во соопштението на Либералната партија на социјалните мрежи, пренесено од британските медиуми.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп до Израел: Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш!

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати итна порака до Израел во која го повикува да ги запре планираните воздушни напади.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy