
Боки 13 најавува филм РЕКЕТ: Верувајте дека ќе занеме целиот свет!
Бојан Јовановски- Боки 13 на своите социјални мрежи најавува филм под наслов Рекет, исто како случајот поради кој заврши зад решетки. „Почитувани, со оваа фотографија го најавувам документарно-играниот филм “РЕКЕТ” Верувајте дека ќе занеме целиот свет! Наскоро доаѓа вистинската приказната за најголемата општествено-правна афера “Рекет” Одбројуваме…, пишува Боки 13.