Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бока: На Македонија и треба ЕУ, Унгарија е ваш искрен пријател на тој пат!
Македонија

Бока: На Македонија и треба ЕУ, Унгарија е ваш искрен пријател на тој пат!

11/04/2025

AA

Јанош Бока, министер за ЕУ прашања на Унгарија на заедничката прес-конференција во Скопје со министерот за европски прашања Орхан Муртезани порача дека Македонија веќе требаше да биде во ЕУ. На Северна Македонија и треба ЕУ, но и обратно на ЕУ и треба Северна Македонија. Унгарија е ваш искрен пријател на тој пат.

– Постои силно стратешко партнерство меѓу Унгарија и Северна Македонија кое се темели на споделени вредности и замени интереси, а тоа се однесува и на прашањата на евроинтеграцискиот процес. За време на унгарското претседателство со ЕУ, се обидовме и успеавме да го ставиме во преден план проширувањето, помогнавме за усвојување на реформската агенда за земјата, како и за влезот во СЕПА- единствената област на плаќања во евра, што исто така ќе биде голем исчекор за Северна Македонија, рече Бока кој ја искористи приликата да изрази длабоко сочувство за трагедијата во Кочани и подготвеноста на Будимпешта и понатаму да даде каква било помош.

Тој потсети дека двете влади веќе одржаа заеднички меѓувладини седници во Охрид и во Буримпешта, а нов исчекор во билатералните односи меѓу двете земји е, рече, и денешното потпишување на Меморандумот за соработка кој меѓу другото треба да и помогне на земјата во искористувањето на европските фондови.

Министерот Муртезани од своја страна истакна дека Северна Македонија и Унгарија се поврзани со длабоки пријателски врски, а билатералната соработка добива уште позасилена динамика со денешното потпишување на Меморандумот. Унгарија, нагласи тој, одамна ја има нашата благодарност за гласната поддршка за нашиот евроинтегративен пат и подвлече дека особено ја цениме нејзината улога како претседавач со Советот на ЕУ имајќи предвид дека токму за време на унгарското претседателство со Советот на ЕУ минатата година прашањето за проширувањето на Унијата и интеграцијата на ЗБ беше ставено високо во приоритетите на претседавањето а со тоа и на европската агенда.

– Министре Бока вашата постојана гласна и принципиелна поддршка за интегрирањето на Северна Македонија и Западен Балкан во Унијата што побрзо е вистински пример за пријателство во пракса. Круна на таа посветенопст е денешното потпишување на Меморандумот за соработка кој поставува цврста рамка за долгорочно и структурирано партнерство во областа на европските интеграции. Со потпишувањето на овој Меморандум на нашата веќе блиска соработка и даваме институционална димензија и стабилна рамка. Овој документ не претставува само формализирана административна алатка туку е израз на нашата заемна посветеност за продлабочувањето на партнерството преку размена на знаења, искуства и заеднички напори кон усвојување на европските стандарди. Со овој чекор Северна Македонија и Унгарија уште еднаш покажуваат дека Европа не е само географија и бирократија туку заеднички вредности и дека политиката на проширување на ЕУ е една од најважните стратешки цели, рече Муртезани.

Тој додаде дека ние сме подготвени да учиме од унгарското евроинтеграциско искуство и оти како Влада која веќе ги има восппавено структурите за координација со процесот на евроинтеграција во рамки на преговарачкиот процес ќе го искористи ова партнерство како допполнителен мотив за забрзување на нашата евроинтеграција.

Министерот Бока вчера одржа предавање на Универзитетот Скопје, во кое истакна дека Европската Унија се наоѓа пред нова ера и дека се потребни промени за адаптација на новата реалност. 

По потпишувањето на Меморандумот за соработка, следна фаза ќе биде утврдување на работниот план за активностите на двете страни што ќе биде финализирано на следната средба во Будимпешта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46778
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги искачи сите врвови повисоки од

15/11/2026

Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на 35 и 24 години биле

15/11/2026

Две жени од Скопје на возраст од 35 и 24 години се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy