Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Богоев: Сите државнички одлуки важни за иднина ги донесе СДСМ – „ВМРО-ДПМНЕ и Левица одработуваат за туѓи интереси“
Македонија

Богоев: Сите државнички одлуки важни за иднина ги донесе СДСМ – „ВМРО-ДПМНЕ и Левица одработуваат за туѓи интереси“

30/01/2023

AA

Не постои државничка одлука која е важна за иднината на државата, во овие над 30 години независност, која не е донесена од Влада предводена од СДСМ, од впишувањето на државата во ООН, па се до членството во НАТО, почетокот на преговорите со ЕУ, па и решавање на клучното црковно прашање, сите овие одлуки ги има донесено СДСМ, посочи потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за ТВ Стар од Штип.

Богоев истакна дека за разлика од тоа, ВМРО-ДПМНЕ нема донесено ниту една државничка одлука, а дури и кога такви одлуки се носеле, таа партија била секогаш против.

„Резултатите од изборите во 2019 и 2020 година кои дојдоа по потпишувањето на Договорот од Преспа, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица шират хистерија само во моментот, но реалноста потоа ги демаскира нивните лаги. И онаа хистерија што ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја креираа во летниот период, исто така ќе биде демаскирана. Велеа бугаризација, јазикот не бил македонски и слично, а сите европски челници кажаа дека јазикот е македонски, со чиста формулација. На крајот, договорот за Фронтекс е прв договор со ЕУ потпишан на македонски јазик и еден ден, кога ќе станеме членка на ЕУ, македонскиот јазик ќе биде впишан како официјален јазик на Унијата” порача Богоев.

Осврнувајќи се на последните случувања со Бугарија, Богоев оцени дека исти структури во двете земји креираат проблем и хистерија со цел да нема помирување и да го зголемат евроскептицизмот и државата да се врати во изолација и национализам, но дека тоа нема да им успее.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy