Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БОГОЈАВЛЕНИЕ НЕКА НИ ДОНЕСЕ ДУХОВНА СИЛА, ТРПЕНИЕ И МУДРОСТ Премиерот Мицкоски го честита празникот Водици
Македонија

БОГОЈАВЛЕНИЕ НЕКА НИ ДОНЕСЕ ДУХОВНА СИЛА, ТРПЕНИЕ И МУДРОСТ Премиерот Мицкоски го честита празникот Водици

19/01/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици, во која порачува да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети и да продолжиме да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро.

„Богојавление е празник на откровението, на прочистувањето и на обновата, ден кога водата, како извор на живот, нè потсетува на потребата од духовна и морална чистота. Водици носи и силна порака за верата, за храброста и за подготвеноста да се оди по исправниот пат, дури и кога тој е тежок. Осветувањето на водите и фрлањето на Крстот е традиција, но и жива порака за доверба, за пожртвуваност и за надеж“ – пишува Мицкоски во објава на Фејсбук.

Овој голем ден, како што наведува, нè потсетува колку е важно меѓусебното заедништво и добрите односи со сите луѓе.

„Во овие моменти, луѓето се собираат, се поддржуваат и ја споделуваат радоста, покажувајќи дека заедницата е најсилна кога е обединета околу вредности што нè надминуваат сите нас поединечно. Посебно место имаат младите. Нивната смелост и вера се потсетник дека иднината се гради со карактер, со воспитување и со почит кон традицијата. Наша заедничка обврска е да создадеме средина во која ќе растат со силно чувство на припадност и одговорност кон општеството. Нека Богојавление – Водици ни донесе духовна сила, трпение и мудрост! Да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети и да продолжиме да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро! За многу години – наведува премиерот Мицкоски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy