
Бојно гаѓање на стрелиштето „Леково“, се забранува секакво движење – доколку пронајдете неексплодирани зрна никако не ги допирајте!
На стрелиштето „Леково“ денеска во период од 8:30 до 15:00 часот ќе биде реализирано боjно гаѓање.
Од Регионалниот ЦУК Битола повикувајќи се на известување од Министерство за одбрана информираат дека заради безбедност се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето.
„По завршувањето на гаѓањето во реонот на стрелиштето, ако се најдат неексплодирани зрна односно проектили, граѓаните не треба да ги допираат или поместуваат и треба да се пријави на 112 во ЦУК, по што од страна на ЦУК ќе се постапи според стандардните оперативни процедури за пронаоѓање на неексплодирани убојни средства (НУС) во Системот за управување со кризи“, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).