Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата повторно ќе набавува нови возила на лизинг
Економија

Владата повторно ќе набавува нови возила на лизинг

12/03/2024

AA

Владата преку Службата за општи и заеднички работи продолжува со нов циклус набавка на возила под лизинг, но нема да продолжи со досегашните, туку се бара тие да бидат нови.

Се бара целосно нови 45 дизел возила (лимузини) од минимум 2.000 метри кубни моторна зафатнина.  Отворањето на понудите ќе биде по електронски пат на 27 март. Понудата нема да биде прифатлива доколку има „невообичаено ниска цена“.

По истекот на тригодишниот договор, операторот ќе си ги врати за себе автомобилите, но во текот на тригодишниот договор ќе биде должен да обезбедува сервис, осигурување, регистрација, промена на пневматици, зелен картон, пренос на дефектно возило за репрезентативните автомобили.

Во претходниот тригодишен циклус, Владата набави 45 луксузни возила „шкода суперб“ со погон на четири тркала во вредност од 1,5 милиони евра без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило, според договорот, изнесуваше 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена  на едно возило достигнуваше околу 40 илјади евра. Пред тоа премиерот, министрите и странските делегации се возеа во „фолксваген пасат“.

И овој пат е предвидена километража од 120.000 километри за тригодишниот период по возило. Владата, односно Службата за општи и заеднички работи ќе има обврска кон лизинг компанијата по завршувањето на оперативниот лизинг да плаќа по поминат километар за секое возило.

Иако трошокот на крај излегува не многу помал отколку да се купи возилото, од Владaта претходно оценија дека оперативниот лизинг бил најповолното решение и дека така ќе се заштедело. Операторот постојано ќе обезбедувал грижа и сервис и функционерите немало да останат без возило доколку кај некое настане дефект.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Извлечено безживотно телото на човекот кој скокна во Преспанското езеро

12/08/2026
Македонија

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат

12/08/2026
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44981
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Извлечено безживотно телото на човекот кој скокна во Преспанското езеро да ги бара веслата

12/08/2026

Трагичен епилог доби потрагата по 71-годишниот М.М. од Скопје, кој на 8 август исчезна во водите на Преспанското Езеро кај

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат иднина дома

12/08/2026

За 35 години од прогласувањето на независноста, Република Северна Македонија претрпе длабока демографска и социјална трансформација. Државата која ја започна

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето на скопската вода

12/08/2026

Водата за пиење од градскиот водоснабдителен систем во Скопје е целосно безбедна и микробиолошки исправна, покажаа најновите лабораториски испитувања спроведени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy