
Бојмацалиев: Случајот со нападот на полицаецот да го расветли внатрешна контрола!
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска на својот Фејсбук профил го осуди инцидентот што ноќеска се случил во угостителски објект во Скопје, кога полициски службеник кој не бил на смена, нападнал друг колега кој извршувал службени дејствија.
Тој бара случајот да го расветли внатрешната контрола на МВР.
„Згрозен сум од чинот што се случи ноќеска кога колега полициски службеник нападнал друг колега пред угостителски објект којшто во тој момент извршувал службени дејствија. Напад врз полициски службеник е напад на држава! Истиот е лишен од слобода и повикувам внатрешна контрола и СВР Скопје да постапат соодветно и максимално професионално. Македонската историја не памети ваков случај на поранешен висок полициски функционер да нападне и спречи свој колега во извршување на својата службена должност“, вели Бојмацалиев.