Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бојмацалиев од Прифатниот центар Винојуг: Намалена илегална миграција за 50%, благодарение на раководството на РЦ ЈУГ
Македонија

Бојмацалиев од Прифатниот центар Винојуг: Намалена илегална миграција за 50%, благодарение на раководството на РЦ ЈУГ

11/03/2024

AA

Денеска, (11.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во Прифатниот центар Винојуг во Гевгелија присуствуваше на Координативниот состанок во организација на раководството на Регионалниот центар ,, Југ“ со претставници од сите релевантни државни институции, меѓународни организации и невладини организации-присутни чинители во Привремениот транзитен центар како дел од националната компонента во справувањето со мешаните миграциски движења.

Целта на состанокот беше последниот позитивен извештај на Народниот Правобранител како резултат на меѓусебното координирано и хармонизирано постапување на овие институции со илегалните мигранти во кампот Винојуг Гевгелија. Овој позитивен извештај е плод на сите заедничките вложувања и на несебичната поддршка на сите чинители во овој процес, соработка која и понатаму не само што ќе се одржува туку и ќе се продлабочува.

Во последниот позитивен извештај отстранети се сите забелешки кои беа детектирани во изминатиот период, а заслугата е заедничка.

Во своето обраќање по тој повод дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев рече: „Дозволете ми да истакнам дека она што ја одбележа измината година, во поглед на унапредување на граничното управување беше ратификацијата и операционализацијата на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража, кој го потпишавме со почитуваната еврокомесарка Јохансон. Договорот за Фронтекс овозможува конкретна поддршка на терен за зачувување на безбедноста на границите. Европската Унија на овој договор гледа и како на конкретен чекор во зачувување на безбедноста на Унијата, бидејќи заштитата на македонските граници од мигрантските текови, нелегалната миграција и од прекуграничниот криминал значи заштита на границите на ЕУ. Со неговото влегување во сила се овозможи, на наше барање, да се распоредат полициски службеници на ФРОНТЕКС на критичните точки на границата, заедно со нашите полициските службеници, што придонесува кон зголемување на нивото на соработка, размена на искуства и знаење, како и можност да се користи целата опрема на Фронтекс”, истакна Бојмацалиев. Притоа, тој сподели статистика во однос на откриени илегални мигранти и баратели на азил реализирани од страна на полициските службеници на ниво на МВР вклучувајќи ги овде сите Регионални центри во земјава компаративно со постигнатите резултати на ниво на Регионалниот центар Југ.

„Според официјалната статистика на МВР, ако во 2023 година беа спречени 13.954 обиди за влез на илегални мигранти на ниво на сите Регионални центри, само на ниво на Регионалниот центар Југ таа бројка изнесуваше 12.265 спречени обиди за влез на илегални мигрант. За период од два месеци во 2024 година на ниво на МВР таа бројка изнесува 1596 спречени обиди за влез, само на РЦ Југ беа спречени 1057 обиди за влез на илегални мигранти. Компаративно на ова во 2022 година на ниво на МВР беа спречени 27.394 илегални обиди за влез , а само на ниво на РЦ Југ таа бројка изнесуваше 23.451.

Овие бројки покажуваат намалување на илегалната миграција за 50% за што најголема заслуга имаат полициските службеници и раководството на РЦ Југ и во оваа прилика им упатувам честитки за постигнатите резултати бидејќи, ова не се само обични бројки, напротив ова се преземени заеднички активности во кои е вложен многу труд, посветеност, а пред се професионалност и многу хуманост за што изразувам особена почит и благодарност и до сите институции, меѓународни организации и чинители вклучени во овој процес”, рече Бојмацалиев.

Бојмацалиев информираше и за баратели на азил во 2024: „Во делот на баратели на азил во 2023 година на ниво на МВР таа бројка изнесуваше 604 лица а во Прифатниот центар Винојуг имавме 202 лица, во истиот период првите два месеци од 2024 година на ниво на МВР изнесува 36 лица а во Прифатниот центар Винојуг имаме 24 лица”, рече Бојмацалиев.

На крајот од своето обраќање Бојмацалиев упати благодарност до Европската Унија за континуираната помош која што ја добива Министерството за внатрешни работи преку регионалните ИПА проекти, со уверување дека и во периодот што следи со исклучителна посветеност ќе се работи кон операционализирање на Мастер планот изработен од Фронтекс, како еден од нашите стратешки приоритети кон доближување кон европските и меѓународните стандарди во оваа област.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy