
Бојан Јовановски: Со себе носам цела терапија за да функционирам, не сум во состојба да бидам во затвор
Бојан Јовановски попознат како Боки 13, првообвинет во случајот „Меѓународен сојуз“, денеска се појави во Апелациониот суд во Скопје.
Toj моментално во моментот се брани од слобода, бидејќи Кривичниот суд донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор поради неговата лоша здравствена состојба.
Во изјава за медиумите посочи дека му била констатирана „интенстинална метаплазија“ на желудник и на дел од тенките црева, со што не бил во состојба да биде во затвор.
„Со оваа здравствена состојба не бев и не сум во состојба да бидам во затворот каде ја издржував казната на која бев правосилно осуден и поради тоа сум пуштен на домашно лекување односно на прекин на издржување казната затвор. Со себе носам цела терапија за да функционирам, покрај тоа што имам сериозен хигиено-диететски режим кој изискува посебна храна за да функционирам. Имам проблеми од органски карактер. Јас сум со траен инвалидитет, кој не е од физичка природа или со физички деформитет, туку станува збор за состојба која не може да се промени. Имам сериозна терапија која ја примам, сериозен и строг режим кој морам да го практикувам секој ден. Тоа не значи дека имам проблем со движење, но имам моменти кога морам да мирувам, да се придржувам кон тоа“, вели Јовановски.