Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОПАСНА ЗАМКА ВО НАЈАВА: Дали партиите политички ќе профитираат со прашањето за рудниците, а Македонија ќе изгуби драгоцено време и многу пари
Македонија

ОПАСНА ЗАМКА ВО НАЈАВА: Дали партиите политички ќе профитираат со прашањето за рудниците, а Македонија ќе изгуби драгоцено време и многу пари

15/12/2023

AA

Македонија нема море и нафта, ама има  рудни богатства чија мудра експлоатација може да обезбеди економска сигурност. Инвестицијата во нови рудници не е прашање на дневна политика. Не е прашање на еден мандат на локална, законодавна или извршна власт. Ова е стратешко прашање за долгорочен економски развој, пишува Виктор Грозданов, аналитичар и металуршки инженер  во својата најнова колумна.

Одлуката на властите  во идниот период е дали ќе ја искористат можноста за економски развој на земјава или ќе бидат кусогледи за политички да профитираат. Во оваа насока тој ја коментира и реакцијата на Левица за одлуката на Вишиот Управен суд, кој ја уважи жалбата на Еуромакс. Симптоматично, вели тој,  оваа политичка партија која отворено смета дека Македонија не треба да остане членка на НАТО, се служи со истите тези на лажните еко активисти.

„Се пресметуваат со своите политички противници и ја ставаат изградбата на рудникот Иловица во предизборна политичка кампања. Многу погрешно. Многу кусогледо. Но, очекувано. Прашањето е дали политичките партии кои претендираат да зачуваат или освојат власт ќе паднат на оваа многу опасна замка. А замката гласи „дали повторно ќе се борат за гласови во 4-та изборна единица на тема нови рудници“? Еднаш господинот Зоран Заев во 2016 го јавна овој популистички змеј, политички профитираше, но дали Македонија профитира или изгуби драгоцено време, и е ставена во ситуација да плаќа астрономски отштети, ќе ја гледаме разврската во 2024 година“ . Некој, после избори ќе мора да седне во жешките столчиња и да раководи со државата. Да обезбеди пари за администрација, пензионери, здравство, образование, инфраструктурни инвестиции, енергија, култура… за основните функции на Македонија. А капацитетот за нови задолжувања е се помал или да не речам невозможен. Следи многу тежок мандат , пишува Грозданов.

Во земјава се донесоа низа одлуки кои се важни за нашата држава и за нејзиниот економски и научно-образовен развој, а освен  што Уставниот суд има одлучено дека сите минерални суровини на територија на Македонија се во сопственост на сите граѓани на Македонија, а не само на група граѓани и Вишиот управен суд спречи нова арбитража и ново побарување на штета на Буџетот.

„Вишиот Управен суд спречи нова арбитража во Лондон и нова отштетно побарување на товар на Државниот Буџет на Македонија. Неговата пресуда е патриотска и на Македонија, а посебно на граѓаните на Струмица ќе и донесе 3500 директни и индиректни вработувања и неколку милијарди евра промет. Од арбитражата со рудникот Казандол добиваме обврска за исплата на штета со вредност од минимум 400 милиони евра, пишува Грозданов.

Со цел да се побијат сите аргументи на скептиците, од компанијата Еуромакс, пишува  Грозданов, велат дека ќе се применува т.н  касетно одлагање на суви јаловишта и со овој потег покажаа дека имаат намера да ги разбијат сите грижи на јавноста за штетноста на процесот на експлоатација на бакар.

„Што значи суво јаловиште и касетно одлагање? Еве во неколку реченици. Постојат големи преси. Се употребува соодветна количина на рударска вода која нема да го сопре процесот на избалансираност на рудникот и потребите на човекот, целиот друг животински свет и не го загадува под ниеден услов земјоделието. Водата преку пресите се исцедува и во нејзе во затворени системи се наоѓа целиот метал. Остануваат суви јаловишни касети, брикети, пити, цигли…. како сакате кои немаат никаков отпаден материјал во себе, туку напротив е полн со потребни минерали кои можат да се употребуваа во земјоделието во зависност од PX вредноста на земјиштето. Тоа се вика инаку „Круг на животот“, пишува Грозданов.

Но, за жал, вели Грозданов антинатовците посегнаа по најризичните тези, со  меѓуетнички тензии, па дури и шират страв дека ќе се албанизира Струмица.

„Добро, ај да видиме дали имаат двојни аршини. На пример, господинот Стојан Трн Велков сними реклами за познат ланец на продавници за бела техника. Таму газда е Албанец. Не пречи на каузата ова или некој се обидува да скрие нешто? Инаку овој господин не разбира што е имплозија (пригушена експлозија која го растресува земјиштето и нивото на бучава е нормално за човековото уво), пишува Грозданов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Обновливите извори рушат рекорди: Производството на електрична енергија во Македонија

07/05/2026
Македонија

Кривична пријава за стрелачки клуб од Прилеп, одземени околу 80

07/05/2026
Македонија

Собранието го изгласа Законот за Советот на јавни обвинители

07/05/2026
Македонија

УХМР предупредува: Доаѓа невреме со пороен дожд, грмежи и силен

07/05/2026
Македонија

Таму каде што еден живот завршува, може да почне друг

07/05/2026
Македонија

Опожарено возило во скопско – повредени лица нема!

07/05/2026
Македонија

12 години казна затвор за Стојанче Јовановски

07/05/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија со град и сахарска прашина

07/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43132
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Обновливите извори рушат рекорди: Производството на електрична енергија во Македонија пораснало за 11,43% во 2025

07/05/2026

Обновливите извори на енергија бележат значителен напредок во Македонија, покажуваат најновите податоци од Годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика

Кривична пријава за стрелачки клуб од Прилеп, одземени околу 80 парчиња оружје

07/05/2026

ОВР Прилеп во координација и содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи

Собранието го изгласа Законот за Советот на јавни обвинители

07/05/2026

Собранието денеска со 64 гласа „за“, 15 „против“ и без воздржани го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy