Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БОЈАН МАРИЧИЌ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК Собранието ги изгласа измените во Кривичниот законик
Македонија

БОЈАН МАРИЧИЌ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК Собранието ги изгласа измените во Кривичниот законик

28/01/2026

AA

Собранието на денешната 83. седница, со 83 гласови „за“ го избра Бојан Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.

Во продолжение на седницата за членови на Комисијата и заштита од дискриминација пратениците ги избраа Лимко Бејзароски и Наташа Амдију. Претседателот на Собранието Африм Гаши соопшти дека кандидатката Џинан Ахмед се откажала од кандидатурата.

Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Со донесувањето на овој закон, според подносителите од владеачката ВМРО-ДПМНЕ, се отстрануваат идни евентуални штетни последици од законските измени на овој законик донесени во септември 2023 година и се подобруваат одредени одредби со што врши усогласување со европските и меѓународните стандарди кои се однесуваат на борбата против организираниот криминал и корупција. Пратениците на Левица беа против законското решение со образложение дека се носи во интерес на функционерите од владеачкото мнозинство.

Пратениците не го прифатија предлог законот за изменување на Законот за енергетика поднесен од Левица со кој се бара укинување на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), а нејзините надлежности да поминат во Министерството за енергетика.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
Македонија

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Синови ги претепале

27/07/2026
Македонија

МВР викендов казни над 1.300 возачи – најмногу за брзо

27/07/2026
Македонија

ИЈЗ: Осум случаи на западнонилска треска регистрирани годинава во Македонија

27/07/2026
Македонија

Водата во Маврово не е безбедна за пиење

27/07/2026
Македонија

Доктор по стоматологија под истрага – посредувал за положување стручен

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44696
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети над 7 килограми марихуана и

27/07/2026

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведуваат истражни постапки против вкупно четири лица кај кои во текот на викендот

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе пари за инвестиции, земјоделство и

27/07/2026

Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година со кој се обезбедуваат повеќе средства за развој и

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026

Цените на нафтата значително паднаа откако САД и Иран ги прекинаа нападите, што ја зголеми надежта за смирување на конфликтот.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy