Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Благодарници од Сојузот на здруженија на пензионери за Клиника Жан Митрев
Македонија

Благодарници од Сојузот на здруженија на пензионери за Клиника Жан Митрев

08/02/2024

AA

За покажаната грижа, нега и бесплатните кардио прегледи спроведени со здравствениот караван „Здравје за сите”, претставници на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија доделија благодарници на Клиника Жан Митрев и на докторите кои ги спроведуваа прегледите. Благодарниците беа доделени од страна на претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајкова, како и претседателите на здруженијата од сите градови од Македонија.

„Здравствениот караван” што се одвиваше во текот на изминатата година беше дел од Меморандумот за соработка потпишан меѓу Клиничката болница Жан Митрев и Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија. Тим доктори специјалисти кардиолози од Клиника Жан Митрев правеа бесплатни специјалистички кардио прегледи за пензионерите од целата држава, а целта беше да се зголемат можностите и пристапот до специјалистички прегледи за сите оние што немаат и не можат да добијат мислење од доктор за својата здравствена состојба. Со активностите на караванот беа опфатени повеќе од 500 пензионери од целата држава, при што беа донирани прегледи во вредност од над 2.250.000 денари. Клиниката Жан Митрев со овој караван ја зголеми грижата за здравјето на граѓаните и посебно за ранливите категории и оние без можност за консултации со доктор.

Караванот „Здравје за сите” се спроведе во 2 фази. Во првата фаза беа опфатени пензионерските здруженија од 11 града од Источна и Западна Македонија. Додека во втората фаза беа опфатени 14 пензионерски здруженија од Скопје кои испратија свои членови со ниски примања а кои имаат потреба од ваков преглед.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Две лица приведени по тепачката во Чаир во која со

01/09/2026
Македонија

13-годишно дете во исклучително тешка состојба по тепачка во Чаир

01/09/2026
Македонија

Клековски за повреденото дете од Чаир: Има убод во срце,

01/09/2026
Македонија

Ќе се реконструира Клиниката за физикална медицина: Ново греење, изолација

01/09/2026
Македонија

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се појавува

01/09/2026
Македонија

Над 623 милиони денари исплатени за боледувања во август

01/09/2026
Македонија

26 пожари на отворено во последните 24 часа, два и

01/09/2026
Македонија

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи

31/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45362
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Две лица приведени по тепачката во Чаир во која со нож е повредено 13-годишно дете

01/09/2026

Тројца скопјани се повредени во физичка пресметка што се случила синоќа во Чаир, при што бил употребен нож. Полицијата денеска

13-годишно дете во исклучително тешка состојба по тепачка во Чаир

01/09/2026

Тринаесетгодишно дете е во исклучително тешка здравствена состојба откако било избодено со нож во тепачка во скопската населба Чаир, дознава

Клековски за повреденото дете од Чаир: Има убод во срце, критично е

01/09/2026

13-годишното дете кое беше избодено со нож во тепачка во скопски Чаир е во критична здравствена состојба, откако при нападот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy