Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БИЗНИСОТ ТРПИ ГОЛЕМИ ШТЕТИ ПОРАДИ ПРЕКИНАТИОТ ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ, ВЛАСТА ДА ПОВЕДЕ СМЕТКА – „Макстил“ и „Макпетрол“ со порака до надлежните
Економија

БИЗНИСОТ ТРПИ ГОЛЕМИ ШТЕТИ ПОРАДИ ПРЕКИНАТИОТ ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ, ВЛАСТА ДА ПОВЕДЕ СМЕТКА – „Макстил“ и „Макпетрол“ со порака до надлежните

15/11/2023

AA

Македонските
компании, кои имаат сериозни бизниси во земјава, а кои се
поврзани со транспорт на големи количини материјали и производи, трпат големи штети откако прекина
железничкиот сообраќај во земјава, поради напукнатиот бетонски столб на мостот
на Црна Река. 

Како што за Фактор
изјавија дел од овие сериозни големи компании, ова не е прв пат да дојде до
прекин во железничкиот сообраќај на истата таа локација. Имено, пред две години
бил оштетен друг столб на истиот тој мост, а тогаш железничкиот транспорт бил
во прекин цели 40 дена.

Компаниите од кои побаравме став потенцираат дека целата
оваа ситуација значајно им ги зголемува трошоците. Оттаму нагласуваат дека државата
мора да поведе многу повеќе сметка за патната и за железничката инфраструктура
во земјава, бидејќи само на тој начин може да се обезбеди непречено работење за
целиот бизнис, кој, на крајот од денот, уредно си ги плаќа сите даноци и
давачки кон државата, и очекува за тоа да има пристојни инфраструктурни
капацитети.

А, како што веќе објавивме, бетонски столб на мост на Црна река,
по кој сообраќаат возовите во земјава е напукнат, поради што има прекин во
железничкиот транспорт. 

Од Македонски
железници Инфраструктура информираа дека напукнатиот бетонски столб на мостот на Црна Река, на линијата Гевгелија
– Велес, меѓу железничките станици Кукуречани
– Градско, во близина на Стоби, е причина за целосен прекин на железнички
сообраќај на овој патен правец од вчлера од 15.25 часот. Нагласија дека е прекинат и патничкиот и товарениот
превоз.

„Експерти
од Градежниот факултет во Скопје, во текот на денешниот ден планирано е да
излезат на терен, за да извршат увид на состојбата“, соопшти Центарот за управување со
кризи, повикувајќи се на Македонски железници.

Фактор успеа да добие став за овој проблем од компаниите
„Макстил“ и „Макпетрол“, кои секојдневно треба да превезуваат големи количини
токму преку оваа железничка линија. 

Од „Макстил“
велат дека ова не е првпат
сообраќајот да биде во прекин.

„Пред две години едниот столб на
истиот мост беше оштетен и имаше прекин на сообраќајот од 40 дена. Тогаш
баравме да се поправи истовремено и другиот столб, меѓутоа се немаше слух и
сега се наоѓаме во истата ситуација. Ова е само последен од низата настани кои
ни го прават железничкиот транспорт скоро невозможен. Нашето производство и
продажба зависат од железничкиот сообраќај, а во изминативе години состојбата
континуирано се влошува. Во ист кош се и другите корисници на товарен
железнички транспорт во државата, а да не зборуваме за тоа дека е во прекин и
целиот меѓународен транспорт“, потенцираат од оваа компанија која се занимава со
челичарската индустрија.

Од „Макстил“
апелираат до надлежните
мостот да се санира во најкус можен рок, за да се намалат загубите кои ги трпат компаниите
поради овој застој.

„Какво било одолговлекување на
санација на мостот ќе предизвика големи проблеми во работењето на ‘Макстил’, а веруваме и во работењето и на
другите корисници на товарен траспорт во државата. На среден рок, државата мора
да се заинтересира за инфраструктурата, посебно за железничката и да ни
овозможи барем некакви услови за непречено работење“, децидни се
од оваа голема македонска компанија.

Став побаравме
и од најголемиот нафтен дистрибутер во земјава „Макпетрол“. Оттаму велат дека
овој прекин дефинитивно создава ситуација поради која компанијата трпи штети.

„Прекинот на транспортниот железнички
сообраќај дефинитивно создава ситуација поради која што ‘Макпетрол’ трпи штети. Процесот на работа е
значително отежнат, а како резултат на ова ќе се зголемат и трошоците. Без
разлика на моменталната состојба, пазарот редовно ќе биде снабдуван со нафтени
деривати. Се надеваме дека надлежните што поскоро ќе го надминат проблемот и
железничкиот сообраќај ќе продолжи да функционира нормално“, нагласуваат
од оваа најголема нафтена компанија во земјава.

Инаку, Владата
и владините функционери, во речиси сите јавни настапи имаат буквално „полни
усти“ со тоа колку тие се залагаат и инвестираат во солидна патна и железничка
инфраструктура, но еве, на терен се покажува дека работите не се баш такви како
што се претставуваат.

Македонските
компании се едни од најголемите полначи на македонскиот буџет преку даноците
што и ги плаќаат на државата, па ред е барем да не трпат денови на застој на
железничкиот сообраќај, заради тоа што навреме не е саниран одреден
инфраструктурен објект.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy