Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонската компанија АТС ГРУП го привлече вниманието на посетителите на водечкиот европски саем за безбедност во Париз – Милипол 2023
Македонија

Македонската компанија АТС ГРУП го привлече вниманието на посетителите на водечкиот европски саем за безбедност во Париз – Милипол 2023

15/11/2023

AA

На европскиот саем за безбедност Милипол кој по 23-ти пат се одржува во Париз под покровителство на Министерството на Внатрешни работи на Република Франција и оваа година се претстави македонската компанија АТС ГРУП.

Изложувачите демонстрираа употреба на дронови, роботи, нови технологии и оклопни возила. Покрај динамичните демонстрации од страна на изложувачите, во текот на целата недела од страна на безбедносните оддели и вооружените сили се претставува владеење со ново развиените технологии.

АТС ГРУП e единствена македонска компанија која учествува на светски познатите саеми за безбедност. Компанијата на Милипол 2023 во Париз ги претстави своите светски познати производи и опрема од областа на балистиката, ги прикажа новите области во кои делува и се натпреварува со најголемите светски производители во индустријата. Компанијата поседува врвна инженерска експертиза, машини и алати за производство на муниција, и со тоа го привлече вниманието на посетителите од сите држави.

АТС ГРУП на Милипол 2023 го претстави својот нов производ АТС УД АРАМИД 230. Материјал неопходен за производството на балистички производи, за чие производство компанијата инвестираше почетни 10 милиони евра во целосно нова производствена линија. Оваа година на саемот учествуваат околу 1000 изложувачи, се очекуваат над 30.000 посетители и преку 150 официјални владини делегации. Борбата против тероризмот, борбата против радикализмот и националната безбедност и сигурност и оваа година беа во фокусот на овој саем. Познатиот европски саем Милипол им овозможува на светските производители пред пошироката јавност да ги претстават своите активности, а со цел да се подигне свеста за важноста на заедничката и лична безбедност и заштита.

АТС ГРУП со седиште во Скопје e модерна македонска корпорација составена од три компании, од кои две во Скопје и една во Самоков со повеќе од 500 вработени и 40 годишно искуство. Истите работат по највисоки стандарди и произведуваат широк асортиман на квалитетни производи познати во светски рамки, и за кои компанијата имаат добиено бројни награди и признанија. АТС Груп се занимава со производство на композитни производи и производи наменети за опремување на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и балистичка безбедност. Покрај тоа, компанијата произведува и малокалибарска муниција и целосни линии на машини за производство на муниција, со што од година во година постојано го зголемува својот извозен потенцијал и со тоа ги остварува развојниот план и својата мисија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy