Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БИЗНИСОТ СО ТРАНСПОРТ НА ПРАТКИ НОСИ ОДЛИЧНИ ПАРИ, ЕЛС ЛАНИ СО ПРОФИТ ОД 400 ИЛЈАДИ ЕВРА – дали и колку придонесе Тему, а колкав ќе биде скокот оваа година
Економија

БИЗНИСОТ СО ТРАНСПОРТ НА ПРАТКИ НОСИ ОДЛИЧНИ ПАРИ, ЕЛС ЛАНИ СО ПРОФИТ ОД 400 ИЛЈАДИ ЕВРА – дали и колку придонесе Тему, а колкав ќе биде скокот оваа година

30/04/2025

AA

Бизнисот со приватните пошти станува се поисплатлив во
земјава. Транспортот на пратки од Тему сега е најпопуларен, а се
најавува доаѓање на уште помоќни платформи, како што е Шеин.

Деновиве се достапни резултатите за минатододишното
работење на Еко Логистик Сервис или ЕЛС, кои говорат дека 2024 година
компанијата ја завршила со раст на добивката од 135 проценти, но и раст на
приходите од работењето за 57 отсто.

Односно, според податоците од Централниот регистар,
најголемата приватна пошта во Македонија, Еко Логистик Сервис, ја завршила
минатата година со приходи од 3,65 милиони евра, што е зголемување во однос на
една година претходно за одлични 57 прпоценти.

Расходната страна, пак, на компанијата, тежела 3,2
милиони евра, и кај неа исто така има раст, но тој е помал од растот на
приходите, и изнесувал 49 проценти.

Сето тоа направило компанијата да ја заврши ланската
година со повеќе од одлична добивка од близу 400 илјади евра или прецизно 396
илјади, што е пораст за цели 135 проценти, односно повеќе од двојно во однос на
една година претходно, 2023 година.

Компанијата лани имала 150 вработени, говорат податоците
од Централниот регистар.

Дали и колку приходите од работењето со кинескиот гигант
за онлајн продажби Тему придонеле во овие бројки, не може да се види од
податоците на ЕЛС, но факт е и дека најголемата „ренесанса“ со таа кинеска компанија
ЕЛС ја доживува оваа година, при што во соработката со нив дефинитивно го има најголемиот удел на
македонскиот пазар со брзи пошти.

Неодамна во поткастот Бизнис Муабети на Фактор гостин
беше сопственикот на ЕЛС, Игор Гешовски, говорејќи сосема искрено за тоа колку е
вносен бизнисот со транспорт на пратки од
големите светски и кинески производители и трговци.

Според него, приватните пошти во земјава, само во текот
на еден месец прават промет од околу два милиони евра месечно.

„Мојата проценка, анализата што ја правевме на македонскиот пазар, е дека приватните пошти месечно имаат околу 600
до 700 илјади пратки. Просечната
цена е нешто над 2 евра. Има многу приватни пошти што работат со ниски цени. Па прометот, еве ако е пратка по 2,5 евра, тоа се
околу два милиони евра месечно“, изјави Гешовски
во поткастот.

И покрај солидните бројки кои ги прават брзите пошти со
транспортот на пратките од Тему, но и од други онлајн трговци, Македонија
е една од најслабите држави и во регионот, а и во Европа, според сервисни услуги. За тоа,
како што рече Гешовски, излезе со свои податоци Светска банка, која ги има најточните бројки за економските случувања. Токму фактот што во
земјава имало многу простор за ваква онлајн трговија, тој одлучил да се вклучи
во овој бизнис.

„Луѓето не одат во продавница, туку продавниците ги носиме кај луѓето. Тоа
е и еколошки, и се намалува времето, како и трошокот, а можат да направат и
подобар избор. Недостигаат уште некои елементи за да бидедме на некакво ниво
како што е развиениот свет. Но, ние успеавме да се наметнеме и да го заземеме
водечкото место, односно го држиме повеќе од 50 отсто од пазарот во Македонија, не само една, туку повеќе години“, рече Гешовски во разговорот за Бизнис муабети на
Фактор. 

Тој објасни и како се
постигнува безбедноста на пратките и заштитата од злоупотреби, во услови кога
стоката што се порачува, купувачите однапред ја плаќаат.

„Тие се платени и има можност за голема злоупотреба. Кај нас, пред да ја добиете вашата пратка, ви стигнува
еден код за верификација, кој треба да ни го дадете, за да потврдиме дека
вашата пратка го добила сигурносниот код. Курирот не го знае тој код, него го
генерира централата, односно системот. Односно, имаме методологија, техника,
софтвер систем, кој се разликува од другите“, нагласи овој бизнисмен. 

На една неодамнешна средба со новинарите тој
најави дека Тему и за македонскиот пазар ќе ја зголеми дозволената вредност за
една пратка на 90 евра, на што ќе се плаќа ДДВ што сега не е случај, од
сегашните 22 евра.

А, најави дека во земјава може да пристигне и Шеин,
најголемата платформа за текстил во светот. Шеин годишно изработува 3 милиони
модели, од набавка на платно, ткаење, кроење, шиење, моделирање и продажба. Тие
не се премногу евтини, но за сметка на тоа, имаат повисок квалитет.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АПЕЛАЦИЈА МУ ОДРЕДИ НА ЗЕЌИРИ ЕДНА ГОДИНА И СЕДУМ МЕСЕЦИ

19/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА ПРАВИ СЛУЧАЈ ОД ИВА МИХАИЛОВА ЗА ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИ Некому

19/10/2026
Македонија

КОГА ЌЕ ГИ ЗАВРШИМЕ КОРИДОРИТЕ, ОПСТАНОКОТ НА МАКЕДОНИЈА Е ГАРАНТИРАН!

19/10/2026
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ПРЕГОВАРА СО ПОТЕНЦИЈАЛЕН КРЕДИТОР ЗА БРЗАТА ПРУГА Николоски

19/10/2026
Македонија

ЈА СИЛУВАЛ СОПРУГАТА, ЈА ИСТЕПАЛ ЌЕРКАТА Пријавен случај на тешко

19/10/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПРВ СО 2.945 ГЛАСА, ВТОР ЈАХИЈ ОД

19/10/2026
Македонија

„ИЛИ ЦЕЛ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ ДА СЕ ПОЛАГА НА АЛБАНСКИ, ИЛИ

19/10/2026
Македонија

ОБЈЕКТОТ НА „ПУЛС“ ИМАЛ ТРИ ВЛЕЗОВИ И ИЗЛЕЗИ, НО НЕ

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46271
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АПЕЛАЦИЈА МУ ОДРЕДИ НА ЗЕЌИРИ ЕДНА ГОДИНА И СЕДУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР Судот нареди конфискација на

19/10/2026

Една година и седум месеци затвор е казната што Апелацискиот суд му ја одреди на поранешниот генерален секретар на Владата,

БУГАРИЈА ПРАВИ СЛУЧАЈ ОД ИВА МИХАИЛОВА ЗА ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИ Некому му одговара криза во односите

19/10/2026

Случајот со Ива Михаилова се користи за создавање криза во односите меѓу Македонија и Бугарија во пресрет на изборите во

КОГА ЌЕ ГИ ЗАВРШИМЕ КОРИДОРИТЕ, ОПСТАНОКОТ НА МАКЕДОНИЈА Е ГАРАНТИРАН! Вицепремиерот Николоски за политичкото значење

19/10/2026

Интензивно и на дневна основа се преговара со потенцијалниот кредитор за изградба на брзата пруга, а проектот е влезен во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy