Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бизнис-заедницата алармира: Законот за пушење може да ја продлабочи буџетската дупка
Македонија

Бизнис-заедницата алармира: Законот за пушење може да ја продлабочи буџетската дупка

02/02/2026

AA

Намалување на приходите во државниот буџет и сериозен притисок врз трговијата – вакви последици предвидуваат економските аналитичари доколку се усвои Законот за заштита од пушење во предложената форма. Се поставува прашањето како овие мерки ќе се одразат врз стабилноста на јавните финансии и дали евентуалниот пад на приходите од акцизи може да резултира со нови давачки за граѓаните.
Овие предупредувања доаѓаат во период кога буџетскиот дефицит за 2026 година е проектиран на 39,2 милијарди денари, односно 3,5% од планираниот БДП. Дополнителен ризик, според експертите, е можноста ригорозните ограничувања да го поттикнат црниот пазар, што би довело до зголемување на сивата економија – која, според проценките, веќе изнесува околу 30% од економската активност и надминува 700 милиони евра годишно.

Претседателот на Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски апелира да не се брза со спроведувањето на законот. Тој очекува силен потрес по буџетот, правејќи споредба со периодот кога сличен закон кај нас беше усвоен во 2010 година.

„Треба добро да се размисли, квалитетно да се размисли за импактот што ќе се остави во однос на производството на тутун. Приходите чинам дека се околу 250 милиони евра. Во 2010-тата година кога беше ваков закон воведен има една проценка дека околу десет проценти од приходите од тутунот се намалени, а тоа сепак нели ќе значи и сериозно намалување во буџетот на државата во однос на акцизи и во однос на ДДВ“, изјави Ѓорѓиевски за Телма.

Според него, потребно е законско решение кое нема да биде вака ригидно и кое ќе направи компромис за алтернативните никотински производи кај кои нема согорување и чад. Исто така, тој побара и период за адаптација за бизнисите, поставувајќи го прашањето што ќе прават трговците со веќе набавената роба. 

„Да претпоставиме дека овие бизнис чинители имат залихи и што би правеле тие со тие залихи во нашата држава? Можеби понатака ќе ги изнесат на црн пазар. Но, во секој случај, мислењето на Сојузот на стопански комори е дека тој закон треба да се донесе, но поентата е тука дека начинот како би се извело тоа е суштинското и есенцијалното прашање“, додава Ѓорѓиевски.

Низа забелешки има и универзитетскиот професор од Факултетот за земјоделски науки и храна, Златко Арсов. Тој на системот ЕНЕР има поднесено голем број амандмани. Еден од нив е производите да останат во промет да останат до исцрпување на количините, како и да се остават 18 месеци на угостителите и трговците да се усогласат со законот. Сепак и тој укажува на големи штети во економијата.

„Тутунските производи некаде се оданочени со 70% од малопродажната цена тука е значи акцизата, ДДВ-то, значи на годишно ниво во буџетот, према потрошувачката на цигари што ја имаме моментално и други производи, се цени дека во буџетот влегуваат помеѓу 400 и 450 милиони евра, што е значителна ставка во приходот на државата“, оцени неодамна професорот Арсов.

Инаку, покрај Сојузот на стопански комори претходно и Стопанската комора на Македонија излезе со предупредувања по можните штети врз државниот буџет кои ќе ги предизвика Законот за заштита од пушење. Од Групацијата на производители на цигари при Стопанската комора потенцираа дека предложеното законско решение ќе има сериозно негативно влијание врз целокупната економија во земјата, малите и средните претпријатија, како и врз приливите во државниот буџет. Дополнително, Групацијата очекува забраните на домашниот пазар да ја поттикнат нелегалната трговија на тутунски производи во земјава, што исто така негативно ќе влијае врз државниот буџет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy