Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бизнис планот не е „глупост“
Економија

Бизнис планот не е „глупост“

26/03/2024

AA

Како да се поттикнат претприемачите да го
направат првиот чекор кон отворање сопствен бизнис и на што треба најмногу да
посветат внимание. Со развивање на став и претприемничко однесување, развој на
менаџмент и бизнис вештини, развивање на висока цел која е поврзана со личните
интереси и пасии, а ќе продуцира вредност на оштеството, се првите чекори кои
треба да ги направи еден претприемач при отпочнување сопствен бизнис.

Покрај охрабрувањето да се направи првиот чекор, неопходно е да се изработи
квалитетен бизнис-план кој ќе ги оцрта линиите на водење на бизнисот. Јован
Сталевски, меѓународен CEFE тренер и советник, досега има работено со стотина претпримачи на изработка
и усовршување на нивните бизнис планови, и ги открива основните постулати на
бизнис планирањето.

„Бизнис-планот е основа за започнување со работа, тој е
како GPS за претприемачите да стигнат од точка А до точка Б, што
значи дека им помага да не губат драгоцено време, водилка на која секогаш може
да се навратат и да видат каде грешат и што треба да променат“, вели Сталевски.

Бизнис планот за
претприемачите е GPS до успехот.

„Претприемачот треба да се потруди да истражи каква мапа му одговара да си
го најде патот, какви средства има, на што треба да внимава, какви препреки ќе
наидат, со кој може да се патува, колкава мапа треба да се направи, дали има
други споредни патишта направени од некој друг, дали некој ќе му го попречува
патувањето“, ја дополнува метафората.

Бизнис-планот не е глупост

Сталевски предупредува на новите трендови кои се шират на социјалните
мрежи, а кои поттикнуваат нерационално носење одлуки на бизнисмените, особено
кај т.н. бизнис гуруа.

„Доколку младите гуглаат или гледаат на Јутјуб, ќе ги видат Илон Маск или
други милијардери кои ќе речат дека бизнис-планот е „глупост“, но можам да се
обложам дека Маск за Тесла има бизнис-план кој генерира милијарди. Затоа е
добро да имаме бизнис-план како водилка којашто и да не се покаже правилна при
имплементирањето ќе има на што да се навратите и видите каде сте згрешиле за да
ги поправите нештата“, вели тој. 

Квалитетен бизнис-план се базира на добро истражени податоци од самото
окружување на претприемачот поврзани со тестирање на неговите бизнис идеја,
потребата на пазарот, цените, конкуренцијата, регулативата и иновативниот
пристап.

Финансиската едукација е клучна за успех

Претприемачот е пожелно да ги знае основите на финансискиот менаџмент … или
ќе ги научи на потешкиот пат – со казни, долгови, изгубени пари, погрешни
проценки за цени и промоции и искуство платено во време и обиди.

„Делот од бизнис планот којшто е со бројки кога ќе
работи во реалноста тоа може да го чини многу пари и средства. Затоа треба да
го разбира финансискиот менаџмент, да ги разбира 

приходите, расходите, какви се билансите во бизнисот, за да може ги измери
трендовите, на месечно, тримесечно или годишно ниво и да знае дали работи
успешно и ја оправдува целата инвестиција, енергија и време или треба нешто да
промени во концептот“, заклучува Сталевски. 

Х.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy