Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАКО ОД КВАСЕЦОТ ПОРАСНА ПРОФИТ НА ЕДНА БИТОЛСКА ФАБРИКА – загубата од 777 илјади евра се претвори во нето добивка од 330 илјади
Економија

КАКО ОД КВАСЕЦОТ ПОРАСНА ПРОФИТ НА ЕДНА БИТОЛСКА ФАБРИКА – загубата од 777 илјади евра се претвори во нето добивка од 330 илјади

26/03/2024

AA

Како од загуба се постигнува одлична добивка. Одговорот
го има една битолска фабрика која произведува квасец, а тој гласи – инвестиции.

Ако претходната 2022 година оваа компанија ја завршила со
негативен финансиски резултат од дури 777 илјади евра, што пак се случувало втора година по ред, веќе во 2023 година тој
влегува во зоната на позитивата.

Или, Битолска квасара ланската година ја затворила со сосема солидна нето
добивка од одлични 330 илјади евра.

Компанијата ги објави преку Берзата своите финансиски извештаи, а Билансот
на успех говори дека нејзините приходи се значајно зголемени во 2023 година, во
однос на една година претходно.

Или, од продажбата на квасец и медицински алкохол оваа битолска фабрика
остварила приливи од дури 11,4 милиони евра, наспроти 8,7 милиони евра во
претходната година.

Останатите оперативни приходи се на речиси исто ниво како претходната
година и се многу пониски, или се на ниво од 200 илјади евра.

Зголемени се и расходите, па за потрошените материјали и ситен инвентар се
исплатени близу 6 милиони евра.

Пораст има и кај трошоците за вработените, и лани тие изнесувале 1,2
милиони евра.

На име останати оперативни расходи се направени 3,2 милиони евра, но тие се
намалени во однос на претходната година.

Сето тоа довело до оперативна добивка од 734 илјади евра.

Но, како резултат на значајно повисоките финансиски расходи од 338 илјади
евра, и во однос на финансиските приходи, но и во однос на претходната година, а
и после платениот данок на добивка, конечниот нето профит доаѓа до ниво од 330
илјади евра.

А, како што веќе има пишувано Фактор, компанијата во 2022 година работеше со загуба и тоа втора година по ред.
Ова се случи и покрај тоа што во 2022 година таа ја зголеми продажбата за 40 отсто и
успеа да инкасира 8,7 милиони евра, и тоа во најголем
дел од продажбата на пекарскиот квасец. Но, загубата се случи поради драстичното зголемување на
останатите оперативни расходи, и тоа за 1,5
милиони евра, достигнувајќи 3,6
милиони евра. Раст во 2022 година забележаа и средствата потрошени за набавка на
материјал и ситен инвентар за речиси 600.000 евра и тие беа најголема расходна ставка, достигнувајќи
4 милиони евра.

Компанијата
во 2022 година
објави дека ќе вложи до 3 милиони евра во
подобрување на енергетската ефикасност преку инсталација на фотоволтаици за
производство на струја, во реконструкција
на склад за гориво, котли за биомаса и за мазут, со што би се овозможило
производство на струја со турбини на водена пареа.

А, ако се погледне Билансот на состојба за 2023 година,
се гледа дека пораснала нејзината вкупна актива, а благ пораст има и кај
долгорочните и тековните обврски на Битолската квасара.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy