Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бизарно: Кардиф бара отштета од 120 милиони евра за смртта на фудбалер
Македонија

Бизарно: Кардиф бара отштета од 120 милиони евра за смртта на фудбалер

22/04/2024

AA

Фудбалскиот клуб Кардиф ги проценува своите загуби на повеќе од 120 милиони евра во спорот со Нант за смртта на Емилијано Сала во авионска несреќа во 2019 година, потврди адвокатот на велшкиот клуб.

По анализата направена од правен експерт, „штетата на Кардиф се проценува на 120,2 милиони евра“, изјавила адвокатката Селин Џонс за Франс прес, со што ја потврдил информацијата која прв ја објави францускиот спортски весник Екип.

Оваа анализа овој понеделник официјално ќе биде доставена до трговскиот суд во Нант, кој треба да го одреди рокот за продолжување на постапката за овој случај.

Аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала, на 28-годишна возраст, загина во јануари 2019 година во авионска несреќа над Ла Манш кога се префрлаше во својот нов клуб, Кардиф, на кого беше продаден од Нант. Никогаш не играл за клуб од Велс.

Кардиф смета дека Нант е одговорен за летот на кој патувал Сала и затоа поднел тужба до судот на Нант барајќи компензација за загубата на приходите и други штети што клубот ги претрпел поради смртта на аргентинскиот фудбалер.

Претходните проценки за оваа штета изнесуваа 100 милиони евра.

Во друга постапка поврзана со спортот меѓу двата клуба, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) минатата година му наложи на Кардиф да му го плати на Нант остатокот од трансферот на аргентинскиот играч, во тоа време нешто повеќе од 11 милиони евра од вкупно 17 милиони.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy