
БИТОЛСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ НА ПОМОШ ВО КИЧЕВО: Испратени екипи и опрема за испумпување на водата
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола се вклучи во акциите за справување со големите поплави што го зафатија Кичево.
Како одговор на критичната состојба, Битола испрати интервентна екипа за да им помогне на локалните служби и загрозените граѓани.
Оваа солидарна акција е дел од пошироката координација на противпожарните единици низ државата за побрза стабилизација на состојбите во поплавените региони.
