Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи: Секој заслужува достоинствена плата, независно дали е вработен во јавниот или приватниот сектор
Економија

Битиќи: Секој заслужува достоинствена плата, независно дали е вработен во јавниот или приватниот сектор

17/12/2023

AA

Работниците се силата на нашата економија и државата, затоа и во новиот пакет од анти-кризни мерки од 662 милиони евра обезбедивме финансиски средства за зголемување на платите помеѓу 3.000 и 9.000 денари, порача на трибината „Повеќе за сите!“ во Охрид потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Секој заслужува достоинствена плата, независно дали е вработен во јавниот или приватниот сектор. Затоа обезбедивме финансиска поддршка за субвенционирање на придонесите на нови и постојни вработени, за зголемување на платите на работниците од 3.000 – 9.000 денари во приватниот сектор“, рече синоќа Битиќи.

Тој посочи дека со деветтиот пакет на мерки се обезбедени 492 милиони евра за директна поддршка на приватниот сектор во насока на одржување на ликвидноста на компаниите , за да може, помеѓу другото, и редовно да исплатуваат плати на своите вработени, во тешки кризни моменти да ги сочуваат работните места.

Воедно, ја поттикнуваме конкурентноста  на компаниите, обезбедуваме  поддршка за инвестиции во обновливи извори“, рече Битиќи.

Потпретседателот Битиќи истакна дека се продолжува и со реализирање на системски мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетска криза за што се предвидени 516 милиони евра и тоа 189 милиони во 2023 година, и 327 милиони евра во 2024 година.

Од нив, 36,2 милиони евра за зголемувањата на платите во јавниот сектор преку усогласување со порастот на минималната плата, и тоа за 2023 година. За наредната 2024 година, обезбедени се 52 милиони евра за зголемувањето на платите во јавниот сектор согласно Општиот колективен договор, односно пораст на платата за 10% и исплата на регрес од 10.000 денари за годишен одмор. За истата мерка која предвидува зголемување на платите, во 2024 година се предвидени 150 милиони евра“, рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
Македонија

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА

01/10/2026
Македонија

📷 УАПСЕНИ 20 ЧЛЕНА НА ПРИЛЕПСКА ДИЛЕРСКА МРЕЖА Детали од

01/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ИСТУРА БЕС, СЕ СЛУЖИ СО ПРИМИТИВЕН РЕЧНИК И ПОДМОЛЕН

01/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈОТ Најмалку се

01/10/2026
Македонија

НЕРАЗБИРЛИВО Е ЗОШТО 18 МЕСЕЦИ НЕМА ДОГОВОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА

01/10/2026
Македонија

ПРЕД 5 ГОДИНИ САМО ЗА ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ИМАЛО ТЕРАПИЈА, А

01/10/2026
Македонија

ОД СТРАВ ИЛИ ОД УЦЕНЕТОСТ, ФИЛИПЧЕ СРАМНО ИЗГУБИ КОНТРОЛА Силни

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45921
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија и Италија ќе разменуваат искуства

01/10/2026

Време е законите целосно да почнат да се применуваат, а реформата да даде резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат, порача

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА ДЕКО МУ СЕ СЛОШИ Тензично

01/10/2026

Во тензична атмосфера се одвива денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на кое бранителите на 34 обвинети

📷 УАПСЕНИ 20 ЧЛЕНА НА ПРИЛЕПСКА ДИЛЕРСКА МРЕЖА Детали од МВР за големата акција за

01/10/2026

Сузбиена е организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога и економски криминал, а поднесена е кривична пријава против

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy