Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи: Горд што заедно ја креиравме Националната развојна стратегија, таа е за сите нас
Македонија

Битиќи: Горд што заедно ја креиравме Националната развојна стратегија, таа е за сите нас

04/12/2023

AA

Горд сум дека успеавме да ја постигнеме инклузивноста и широката вклученост на голем број граѓани, граѓанскиот и бизнис секторот, институции, млади и ранливи групи, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во неговото обраќање на состанок на Управниот одбор за креирање на Националната развојна стратегија, каде беше презентиран првиот драфт на документот кој претставува визија за развој на државата за следните 20 години.

Во продолжение, интегрално го проследуваме обраќањето на вицепремиерот Битиќи:

„Почитуван амбасадор на Република Словачка во Република Северна Македонија, Хенрик Маркуш,

Почитувана Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите нации во нашата земја,

Почитуван Ендру Бренд, раководител на програмскиот тим од Амбасадата на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија,

Почитувани граѓани, колеги, партнери,

Среќен сум што сме денеска тука и што ќе можеме заедно да го гледаме веќе првиот драфт на нашата заедничка визија за развој на државата за следните 20 години. Веќе скоро две години го водиме можеби најобемниот, најкомплексен процес, но според мене и еден од најважните кои сме ги започнале од нашата независност.

Горд сум дека успеавме да ја постигнеме инклузивноста и широката вклученост на голем број граѓани, граѓанскиот и бизнис секторот, институции, млади и ранливи групи. Ова е еден од предусловите за да се осигураме дека Националната развојна стратегија ќе биде НАША, на сите нас. И сите ќе се грижиме за нејзино реализирање, затоа што заедно сме ја креирале.

А зошто ни е важно да ја имаме оваа заедничка договорена консензуална визија за развојот на нашата држава. Затоа што е важно да имаме општествен консензус или договор за тоа кои се нашите државни интереси, да ги измапираме ресурсите и како сакаме да ги насочиме, кои ќе бидат нашите приоритети и како ќе стигнеме до нивното постигнување. Затоа е важно нашата заедничка визија да е доволно реална и прецизна за тоа каде се наоѓаме, но доволно далеку гледа и оптимистична за тоа каде за 20 години треба и можеме да стигнеме. И ако ова не е доволно комплексно, да утврдиме кои се чекорите како тоа ќе го постигнеме, кои се ресурсите и начинот на нивно усмерување и искористување кои ќе не доведат до посакуваната цел.

Сето ова заедно го направивме, им благодарам на сите вклучени, сите кои во овие скоро две години даваа коментари, целиот тим на експерти кој работеше на стратегијата и домашни и интернационални, нашите развојни партнери, Собранието, кабинетот на претседателот, мојот кабинет и секој еден граѓанин кој со својот придонес дал дел од себе за наша заедничка подобра иднина. За подобра иднина на нашата држава.

Денеска ќе го гледаме заедно првиот драфт, набрзо и ќе го затвориме конечниот текст и на крај стратегијата ќе оди на гласање во Собранието, каде очекувам да биде едногласно усвоена. И ова не го кажувам како непоткрепен оптимизам или надеж, туку затоа што знам дека при процесот на креирање сите беа консултирани, вклучително и сите политички партии, преку активното учество на Собранието во целиот процес.

Мислам дека сите со мене ќе се согласите дека ресурси имаме, она што можеме подобро да го правиме е нивно системското координирање без промена на заедничките приоритети во зависност од политичката волја. На овој начин ќе можеме да постигнеме долгорочни и поинтензивни резултати.

Затоа сметам и сум горд што заедно ја креиравме и веќе го гледаме крајот за донесување на Националната развојна стратегија. Ова е за сите нас.

Ви благодарам“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy