Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи ги прими синдикалните претставници на „Еуроникел“ на средба
Економија

Битиќи ги прими синдикалните претставници на „Еуроникел“ на средба

13/11/2023

AA

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се сретна со претседателот на синдикалната организација на „Еуроникел индустри“, Миле Ѓорѓиев, и Игор Ѓерасов, претседател на гранскиот синдикат на СИЕР, откако тие побараа средба со него за да се разговара за новонастанатата ситуација кај еден од најголемите македонски извозници.

Синдикатот на „Еуроникел индустри“ кој претставува 800 вработени во една од компаниите што создаваат најголеми приходи во земјата, претходно побараа средби со премиерот Димитар Ковачевски, но и со други релевантни институции, со цел да се најде решение за спас на комбинатот.

Синдикатот на ,,Еуроникел индустри” претходно со допис до директорот Димитрис Пасос и бордот на ГСОЛ,  бара продолжување на производството во фабриката во Кавадарци. Печката само се грее, но не произведува, а вработените стравуваат за судбината на колективот.

„На состанокот синдикатот детално ја изнесе состојбата во која се наоѓа „Еуроникел индустри“. Вицепремиерот Битиќи потенцираше дека социјалниот дијалог е важен и дека тој во целиот свој мандат постојано повикува на истиот, затоа и се сретна и ги сослуша синдикатите, иако „Еуроникел индустри“ е фирма во приватна сопственост, како и дека верува во праведно и правично разрешување. Вицепремиерот даде поддршка во насока на почитување на обврските и правата и на двете страни кои произлегуваат од синдикалниот договор, како при секојдневното работење на компанијата така и при можната реорганизација, што ќе гарантира дека вработените во „Еуроникел индустри“ ќе добијат заштита.

„Еуроникел е важна за државата но и локалниот развој, за животот во Кавадарци и регионот, како и за вработените кои сакаат нивниот глас да биде чуен затоа што сакаат и имаат право да бидат заштитени, повикувајќи на солидарност и разумност при носењето на одлуките при реорганизацијата на компанијата.“, истакна вицепремиерот Битиќи

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46658
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од Врапчиште доби пријава по расправија

08/11/2026

Двегодишно дете било однесено во Швајцарија без знаење и согласност на неговата мајка, откако таткото претходно се скарал со сопругата.

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ ИМИЊА“ На протести во Скопје

08/11/2026

Со пораките „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ граѓани и активистки во Скопје

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy