Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Вонредна состојба на Исланд, се зголемуваат шансите за ерупција на вулкан: Во тек евакуација на населението
Македонија

ВИДЕО Вонредна состојба на Исланд, се зголемуваат шансите за ерупција на вулкан: Во тек евакуација на населението

13/11/2023

AA

Се зголемуваат шансите за ерупција на вулкан на Исланд, а поради тоа веќе е евакуирано населението во блискиот град Гриндавик, јавува Би-би-си.

Исланд прогласи вонредна состојба по серијата земјотреси, а властите наредија илјадници луѓе кои живеат во близина на вулканот да се евакуираат како мерка на претпазливост.

Метеоролошката служба на Исланд (MSI) соопшти дека постои значителен ризик од ерупција, а можноста вулканот на полуостровот Рејкјанес да стане активен е дополнително зголемена од неделата наутро.

Ерупцијата може да започне во секое време во наредните денови, додава MSI.

Тор Тордасон, професор по вулканологија на Универзитетот во Исланд, вели дека реката од магма долга 15 километри која тече под земја е сè уште активна.

„Затоа, за жал, зборуваме за неизбежна ерупција. Најверојатно, текот на ерупцијата ќе биде во границите на градот Гринадвик“, изјави Тордасон за Би-Би-Си.

Илјадници земјотреси се регистрирани околу вулканот Фаградалсфјал во последните недели.

Повеќето од нив се на исландскиот полуостров Рејкјанес, каде што вулканите мирувале 800 години, до ерупцијата во 2021 година.

Метеоролошката служба, исто така, во саботата објави дека тунелот низ кој тече магма или црвено-жешка, стопена карпа од североисток преку Гриндавик и околу 10 километри понатаму во внатрешноста, е регистриран на длабочина од помалку од 800 метри.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
Македонија

Странски возачи чекаат во ред на Табановце за да ги

19/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана

19/08/2026
Македонија

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира: СДСМ бара одговорност

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45125
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy