Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бислимоски: Се анализираат барањата за цената на струјата, ќе се обидеме да бидеме креативни со цел да се избегне ценовен шок
Македонија

Бислимоски: Се анализираат барањата за цената на струјата, ќе се обидеме да бидеме креативни со цел да се избегне ценовен шок

21/06/2023

AA

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во моментов ги анализира барањата поднесени од енергетските компании за цената на електричната енергија на регулираниот пазар за наредните шест месеци што ќе важи од 1 јули годинава и како што најавува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски ќе се обидат и годинава да бидат креативни со цел да се избегне ценовен шок.

– Барањата се дојдени, ние ги анализираме и во најголем дел сме завршени со анализите за МЕПСО, а завршени сме и за „Електродистрибуција“, но останува најбитниот дел цената со која „Електродистрибуција“ ќе ги купи загубите на електрична енергија на тендерот кој ќе биде објавен утре и количините на електрична енергија кои ќе ги купи универзалниот снабдувач, исто така на утрешниот тендер. Откако ќе ги дознаеме цените, ќе ги завршиме пресметките и во текот на следната недела ќе ја информираме јавноста за нашите одлуки, изјави Бислимоски.

Во моментов, како што нагласи тој, познато е дека цената за загуби на електрична енергија на МЕПСО во втората половина на годината е околу 130 евра за мегават час што е далеку пониско од претходните шест месеци кога беше 220 евра за мегават час.

– Тоа позитивно ќе влијае на крајната цена онолку колку што може цената за пренос да влијае на крајната цена што ќе ја плаќаат потрошувачите, рече Бислимоски.

Како најбитни за цената на струјата во наредните шест месеци, тој ги истакна тендерот на кој ЕСМ ќе понуди електрична енергија за универзалниот снабдувач и тендерот на кој ќе понуди цена за покривање на загубите во дистрибутивната мрежата. На цената ќе влијае и зголемувањето на ДДВ од 10 на 18 отсто и тоа за 7,2 проценти.

– Ние ги носиме цените без ДДВ и ќе се обидеме и оваа година да бидеме креативни со цел да се избегне ценовен шок врз потрошувачите во државата, истакна Бислимоски.

Во врска со враќањето на евтината дневна тарифа на електричната енергија, тој посочи дека РКЕ ги завршува анализите и ги знае техничките проблеми кои ги има во процесот.

– Во овој момент имаме сериозно разединување за колкав временски период тие технички софтверски проблеми може да се надминат. Овие неколку дена ќе ги искористиме за интензивна комуникација со операторот на дистрибутивниот систем за да видиме реално кога и како може да започне имплементацијата на евтината тарифа, посочи Бислимоски и додаде дека е сигурно оти евтината тарифа ќе биде воведена.

Целта, како што рече директорот на РКЕ, им е што е можно повеќе граѓани во ист момент да ја користат евтината тарифа за да нема жалби и поплаки зошто некој има, а зошто друг нема.

– За тоа разговараме со операторот на дистрибутивниот систем и преговорите и разговорите ќе мора да ги завршиме кон почетокот на идната недела, рече Бислимоски.

Тој појасни дека по воведувањето на блок тарифите броилата имаат четири позиции во кои се регистрира скапата тарифа, а сега треба дополнително да се воведе и евтина тарифа така што на операторот на дистрибутивниот систем му треба време за да се сетираат сите броила. Време е потребно и а да се промени билинг системот за да може да се фактурира евтината тарифа.

– Тоа го прави надворешна фирма како што вели операторот и за тоа им било потребно малку повеќе време. Но, разговараме со нив навреме да си го решат тој проблем. Броилата кои немаат далечинско отчитување ќе мора рачно да се прилагодуваат и е потребно повеќе време, а за оние со далечинско отчитување тоа ќе се направи од компјутерскиот центар на операторот за две минути, истакна Бислимоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЕРИНСКИ ЗА 4ТВ: Општините губат до 100 милиони евра годишно

11/06/2026
Македонија

Варнс предупредува: Најевтината ИТ опрема може да стане најскапиот безбедносен

11/06/2026
Македонија

Перински: Со парите од државата и унгарскиот заем се отворени

11/06/2026
Македонија

Перински: Не градиме површни решенија, туку процеси кои ќе траат

11/06/2026
Македонија

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Поројни дождови и грмежи во Беровско

11/06/2026
Македонија

ДРАМА КАЈ ШТИП: Повторно се активира пожарот кај Кадидере, горат

11/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожарот кај Штип зафати и викендици, едно лице е

11/06/2026
Македонија

Од утре во сила: Со „Б“ категорија ќе може да

11/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43719
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЕРИНСКИ ЗА 4ТВ: Општините губат до 100 милиони евра годишно поради неажурирани даночни бази, Скопје

11/06/2026

Во рамките на гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, отвори неколку клучни теми

Варнс предупредува: Најевтината ИТ опрема може да стане најскапиот безбедносен ризик за Западен Балкан

11/06/2026

Регионот на Западен Балкан поседува силен претприемачки дух и стратешка позиција за да биде активен лидер, а не само пасивен

Перински: Со парите од државата и унгарскиот заем се отворени над 1.100 проекти низ општините,

11/06/2026

Владата преку Министерството за локална самоуправа успешно менаџира со гигантски инвестициски циклус од вкупно 1.116 инфраструктурни проекти низ македонските општини.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy