Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бислимоски поднесе оставка од РКЕ 
Македонија

Бислимоски поднесе оставка од РКЕ 

12/02/2026

AA

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска поднесе оставка од функцијата на која беше избран во јули 2023 година за втор петгодишен мандат, дознава Дојче Веле. Со писмо испратено до претседателот на Собранието, Бислимоски утрово ја известил институцијата за повлекувањето, но во оставката не ги навел причините за тоа. Засега одлуката не сакаат да ја коментираат ниту тој, ниту неговите соработници, а јавноста може само да шпекулира со оглед на тоа дека мандатот на Бислимоски требаше да заврши во јуни 2028 година.

Пред нешто повеќе од две недели, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против Бислимоски поради сомнеж за злоупотреба на службената положба и овластување. Во пријавата се наведува дека Бислимоски, како претседател на РКЕ, наводно не постапил според Законот за енергетика и не ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол Петрол“ ДООЕЛ Скопје, иако истата не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива. Лиценцата требало да биде одземена во јануари 2024 година, но постапката била прекината со незаконско решение и конечно е одземена во април 2025 година. Според УФП, ова и овозможило на компанијата да оствари промет од над 3,15 милиони евра и противправна имотна корист од околу 229 илјади евра.

На прес-конференција, Бислимоски истакна дека ќе им ги стави на располагање сите информации на надлежните институции за да докаже дека во постапката за одземање на лиценцата не е направено прекршување на законската регулатива:

„Во наредниот период ќе го следам целиот процес и нема да дозволам на ниту еден начин да биде нарушено моето име. Сè што стои на располагање ќе им биде доставено на институциите. Цврсто сум убеден дека ќе докажеме дека немало прекршување ниту на Законот за енергетика, ниту на Правилникот за лиценцирање“, изјави Бислимоски.

Во ноември 2025 година, Финансиската полиција поднесе кривична пријава и против двајца управители на „Тритерол Петрол“ и против компанијата, поради сомнеж за фалсификување исправа и злоупотреба во постапка за јавни набавки.

За време на својот мандат, Бислимоски и РКЕ добија пофалби од Секретаријатот на енергетска заедница за спроведените реформи, но истовремено беа честа мета на критики и политички напади. Во 2020 година, опозициската ВМРО-ДПМНЕ организираше протести пред седиштето на РКЕ поради поскапувањето на струјата.

Бислимоски се пожали дека особено за време на корона-пандемијата и енергетската криза се чувствувал како „најголем криминалец во државата“ поради постојаните напади и лажни вести. Во октомври 2021 година, тој беше цел на физички напад од страна на Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери, поради постапката за одземање на лиценцата на компанијата на Џафери.

Марко Бислимоски го извршуваше својот втор петгодишен мандат како претседател на РКЕ. Првиот мандат му беше од јуни 2018 до јуни 2023 година, а во РКЕ работи од нејзиното основање во 2004 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy