Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бисера Костадиновска-Стојчевска: 80 години Битола го чува споменот за своите сограѓани, Евреи
Македонија

Бисера Костадиновска-Стојчевска: 80 години Битола го чува споменот за своите сограѓани, Евреи

09/03/2023

AA

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска се обрати на комеморацијата по повод одбележувањето на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи, што се одржa во Офицерскиот дом во Битола.

Во своето обраќање, Костадиновска-Стојчевска истакна дека на 11 март, битолчани секогаш ја наведнуваат главата од почит кон своите 3 350 жители, македонски Евреи, за никогаш да не се повтори.

„И денеска, ќе бидеме дел од Поворката на живите, минувајќи го молкум патот што го врвеа оние што не се вратија. На пругата ќе оставиме каменчиња како симбол на вечно паметење и молитва за почит кон оние што неповратно беа одведени. Зашто драгите луѓе никогаш не ги погребуваме, нив ги испраќаме. Нека им е вечен споменот“, рече министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека Битола никогаш нема да го заборави тоа злокобно мартовско утро пред 80 години кога за последен пат 973 еврејски семејства го пречекорија прагот од своите домови. Истиот ден, со 14 сточни вагони почнала депортацијата на битолските Евреи. Првата станица бил логорот кај Скопскиот монопол. Следната и последна – Треблинка.

„Денеска не им судиме на злосторниците и на нивните слуги“, рече министерката за култура, „денеска го чуваме од заборав нивното злосторство, за никогаш да не се повтори. Споменот за направеното злосторство е најголемиот кошмар за злосторниците и за нивните поколенија.“

„Ќе му оддадемe почит на доктор Хаим Абраванел, првиот лекар специјалист кој Битола го памети како врвен професионалец и голем човек, човек кој го подигна Здравствениот дом во Битола. Денеска ќе ѝ оддадеме почит и на храбрата Естреја Овадија, со партизанско име Мара. Загинала на неполни 22 години бранејќи ја својата Македонија од фашистичкиот окупатор. Прогласена е за народен херој. Естреја била една од стотиците македонски Евреи кои им се приклучиле на партизанските одреди“, рече Костадиновска-Стојчевска.

„И покрај сите материјални сведоштва“, додаде Костадиновска-Стојчевска, „некои и по 8 децении го негираат Холокаустот, затоа ним и денеска, од антифашистичка Битола, ќе им порачаме – Никогаш повеќе!“

По завршувањето на комеморативната програма, беше положено цвеќе пред Споменикот на жртвите на холокаустот од Битола – Здравствен дом „Хаим Абраванел“, од каде што тргна и Поворката на живите, сѐ до Железничката станица, по истиот пат од каде беа депортирани битолските Евреи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 БАЛКАНСКИТЕ ЛИДЕРИ НА НЕФОРМАЛНА ВЕЧЕРА КАЈ СИЉАНОВСКА ДАВКОВА Утре

26/11/2026
Македонија

Реагираше и Ердоган по инцидентите во Грузија, турскиот претседател телефонски

26/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИСКИТЕ ВОЗИЛА ЌЕ СТАНАТ ПОДВИЖНИ РАДАРИ Ќе снимаат и казнуваат

26/11/2026
Македонија

„МОЖЕШЕ ДА БИДЕ МНОГУ ПОСТРАШНО“ – ПОЖАРНИКАРИТЕ ЗА ДРАМАТА ВО

26/11/2026
Македонија

ТОШКОВСКИ НАЈАВИ ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ И НОВИ УНИФОРМИ ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ Ќе

26/11/2026
Македонија

„ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ“ РАЗГЛЕДУВА НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА Николоски откри за

26/11/2026
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ СИ ГО ЗАПАЛИЛ СТАНОТ, ОСУМ ЛИЦА ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА

26/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРВА ГО ЗАВРШИ ТЕХНИЧКИОТ ДИЈАЛОГ ЗА РОАМИНГОТ Мицкоски најави

26/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46952
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 БАЛКАНСКИТЕ ЛИДЕРИ НА НЕФОРМАЛНА ВЕЧЕРА КАЈ СИЉАНОВСКА ДАВКОВА Утре ќе разговараат за европската перспектива

26/11/2026

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва во Охрид ги пречека лидерите и претставниците на државите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, на неформална

Реагираше и Ердоган по инцидентите во Грузија, турскиот претседател телефонски разговараше со претседателот на Бешикташ

26/11/2026

Настаните во грузискиот град Батуми, каде што навивачите на турскиот фудбалски клуб Бешикташ се соочија со интервенција на полицијата за

ПОЛИЦИСКИТЕ ВОЗИЛА ЌЕ СТАНАТ ПОДВИЖНИ РАДАРИ Ќе снимаат и казнуваат прекршоци додека се во движење

26/11/2026

Системот „Безбеден град“ ќе добие нова функција – полициските возила ќе бидат опремени со паметни камери и радари што ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy