Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бежовска: Нашинците лани испратија 2,4 милијарди евра и го покрија трговскиот дефицит
Економија

Бежовска: Нашинците лани испратија 2,4 милијарди евра и го покрија трговскиот дефицит

23/05/2023

AA

Гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска, за време на посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ ‒ Штип, одржа предавање пред студентите на Економскиот факултет на кое што рече дека лани земјата добила прилив од странство во висина од 2,4 милијарди евра од нашинците.

Според гувернерката, тоа ќе помогне да се компензира за се подлабокиот трговски дефицит што го има Македонија со странство поради увозот на скапи енергенси, чија цена во последно време многу се зголеми.

„Движењата во надворешниот сектор се исклучително значајни за Народната банка со оглед на нашата монетарна стратегија на одржување стабилен девизен курс на денарот. Дефицитот на тековната сметка лани значително се прошири, главно како резултат на енергетската криза, односно увозот на енергенти по исклучително високи цени. Дел од овие притисоци беа ублажени преку високиот раст на дознаките од странство. Дознаките коишто беа значително погодени во периодот на пандемијата, во изминатиот период растеа со високи стапки на раст од 30 до 40 проценти, со што во 2022 година достигнаа 2,4 милијарди евра, што е историски највисоко ниво. На среден рок се очекува дека тие и натаму ќе растат, но значително поумерено со од годишен раст од 3 до 4 одсто“, рече гувернерката.

Трговскиот дефицит во 2023 се очекува да изнесува изнесува 3,6 проценти од БДП, но се очекува да се намалува со стабилизацијата на цените на основните производи и зголемувањето на побарувачката на наши производи од странство.

 „Според најновиот циклус макроекономски проекции на Народната банка, годинава се очекува стеснување на дефицитот на тековната сметка, како резултат на подобрувањето на надворешното окружување преку намалување на притисоците од трговската размена, а пред сѐ кај енергентите. Финансиските приливи и понатаму би биле солидни и би го покривале дефицитот на тековната сметка, но истовремено ќе бидат доволни и за зголемување на девизните резерви. Сепак, неизвесноста опстојува и потребно е внимателно следење“, посочи Ангеловска-Бежоска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД РАДОВИШ ДО НОВО СЕЛО

26/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Се

26/09/2026
Македонија

ЛЕВИЦА ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ТРИБИНА НА ПЛАТФОРМАТА 12.05 Мециновиќ ќе

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45820
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА Претходно објавил видео на социјалните

26/09/2026

Тетовец осомничен за силување дете сам се пријавил во полиција синоќа откако претходно објавил видео на социјалните мрежи, соопшти полицијата.

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ЕУ Европратеникот

26/09/2026

Мислам дека напредокот ви е потребен вам, на вашата земја, за да се движите понатаму и да се развиете во

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ Нели негаторот на Гоце Делчев

26/09/2026

Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет сѐ уште е член на Централниот одбор на СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „На

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy