
Беснат пожари во Грција на границата со Турција
Грција гори деветти ден по ред.
Големите шумски пожари во североисточна Грција во близина на границата со Турција продолжија да горат.
„Условите за пожарникарите се многу тешки и уште нема надеж дека пожарот ќе биде локализиран“, изјави Димитрис Петрович, заменик гувернер на регионот.
Во североисточниот дел на Грција изгореа околу 74.000 хектари, од кои 13.000 само во националниот парк Дадија, јавуваат грчките медиуми.
Европската комисија го смета за најголемиот поединечен пожар во историјата на Европската унија.
Во вторникот во Еврос беа пронајдени јагленисани тела на 18 луѓе за кои се верува дека се мигранти. Во петокот беа откриени уште две тела.
Вкупно 119 луѓе се уапсени од Противпожарната служба во Грција поради предизвикување пожар од небрежност, а 27 лица за подметнување пожар, од 1 мај до денеска.
Пожари имаше и во Албанија. Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеси соопшти дека во последните 24 часа се изгаснати 10 пожари во државата.
фото принтскрин