Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесими: За јавен сектор одат 960 милиони евра од Буџетот, 10 проценти ќе значи плус 100 милиони евра
Економија

Бесими: За јавен сектор одат 960 милиони евра од Буџетот, 10 проценти ќе значи плус 100 милиони евра

01/07/2023

AA

Одиме кон решение, а клучно е да биде системско и да се дефинира динамиката на платите, кажа министерот за финансии Фатмир Бесими, откако на завчерашниот состанок на Економско социјалниот совет беше договорено Владата до понеделник  да направи нови симулации за пресметка на платите во јавниот сектор, согласно понудените предлози од страна на синдикатите.

– Во интензивна комуникација сме, ќе се сретнеме во понеделник, можеби уште еднаш во текот на неделата. Одиме кон решение. Имаме платформа на која разговараме. Начелно, принципиелно сме согласни, одиме кон тоа како да го дизајнираме пакетот и клучно е да има системско решение во Општиот колективен договор и да се дефинира динамиката на платите.  Ќе има унифициран систем. Сега има различни методи, разни модели, последниот е минимална плата плус бодови. Не бараат коефициент. Имаше размислување и кај нив дали да биде минималната плата или просечната плата, повеќе беа за просечна плата. За нас беше како бара Синдикатот така да го прилагодиме моделот.  Последно што се разговара е за со просечната плата и ни треба период на транзиција да влезе во тој систем. Коефициент со просечна плата и период на транзиција – рече Бесими на брифинг со медиумите. 

Тој очекува да се најде прифатливо решение за сите, а вели и дека се следи процесот за помирување за барањето на Синдикатот на вработените Управата за јавни приходи за повисоки плати за 30 проценти.

Како што појасни, станува збор за различни работи, наспроти разговорите за динамиката за утврдување на платите во јавниот сектор, во случајот со УЈП има нов закон и усогласување на посебни права и специфики на работење. 

– Знам дека е голем социоекономскиот притисок, меѓутоа моја задача е да кажам кој ми е капацитет. Тоа што го имаме кажано за Буџетот во Парламент тоа е.  Вкупно милијарда евра, односно 960 милиони, зема плата од Буџетот јавниот сектор. Десет проценти ќе значи скоро 100 милиони евра плус. Но, затоа зборувам дека одиме кон решение, затоа ни треба транзициски период – рече Бесими.

Оцени дека ова е една од најголемите реформи досега за платите во јавниот сектор и оти со закон или со колективен договор ќе се гарантира нивниот раст,  а тоа што ќе се случи во јавниот сектор недвосмислено ќе се одрази и на платите во приватниот сектор.  

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП), завчера на седницата на ЕСС била презентиранa Методологијата за раст на платите во јавниот сектор со која се предлага нов транзициски период од 2023 – 2025 година, односно зголемување на платите во период од 2,5 години.

– По конструктивната дискусија меѓу социјалните партнери во однос на предлогот, се донесе заклучок дека периодот на транзиција од 2,5 години е прифатлив, а владините претставници ќе направат нови симулации согласно понудените предлози од страна на синдикатите, соопшти МТСП.

Според синдикалците, има подобрување во преговорите. 

– Има поместување од „мртва точка“, но ние од нашите барања не отстапуваме. Она што беше понудено, за нас не беше прифатливо. Ќе видиме во понеделник дали ќе има понова математика од страна на Владата – изјави  претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Маск со SpaceX може да ја купи 83 пати Македонија

12/06/2026
Македонија

Се тестираше градскиот воз: Од Маџари до центарот на Скопје

12/06/2026
Македонија

Пет лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство

12/06/2026
Македонија

Падна Фејсбук: Корисници пријавуваат проблеми со пристапот до апликацијата

12/06/2026
Македонија

Уапсен македонски државјанин во Албанија со килограм хероин скриен во

12/06/2026
Македонија

Крај на исплатите во готовина? Се подготвуваат измени за брзите

12/06/2026
Македонија

Муцунски од Истанбул: Време е политичкото партнерство со Турција да

12/06/2026
Македонија

Наташа Крстевска-Цалева повторно на чело на Вишото јавно обвинителство Скопје;

12/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43735
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Маск со SpaceX може да ја купи 83 пати Македонија или еднаш Канада

12/06/2026

Додека глобалните пазари сè уште ги сумираат ефектите од историското излегување на SpaceX на берзата во јуни 2026 година, споредбите

Се тестираше градскиот воз: Од Маџари до центарот на Скопје за речиси пет минути

12/06/2026

Во рамките на конференцијата „Traffic for All – Skopje“, организирана од здружението „Go Green“, медиуми и учесници најпрво патуваа со

Пет лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

12/06/2026

Ноќеска (12.06.2026) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 59-годишна жителка на струмичко село. Според пријавеното, таа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy