Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесими: Грантот од ЕУ вреден 80 милиони евра оваа недела треба да „легне“ на буџетската сметка
Македонија

Бесими: Грантот од ЕУ вреден 80 милиони евра оваа недела треба да „легне“ на буџетската сметка

09/03/2023

AA

Министерот за финансии денеска соопшти дека грантот од ЕУ вреден 80 милиони евра оваа недела треба да „легне“ на буџетската сметка во Народната банка.

Како што напомена Бесими, парите мора таргетирано и максимално ефикасно да се искористат зашто се работи за средства кои, практично, ни ги даваат даночните обврзници на ЕУ.

-Тоа што денеска го презентираме е повеќе од пари. Денеска презентиравме нешто што значи пари на граѓаните на ЕУ, од даночните обврзници од ЕУ за нас. Наша должност е да покажеме дека тие средства ќе бидат таргетирани и дека ќе се искористат максимално ефикасно за оние што имаат најмногу потреба – мерки за домаќинствата, посебно социјално ранливите граѓани, но и за стопанството – за најпогодените во овој период, рече Бесими во обраќањето на настанот по повод презентацијата на грантот.

Според него, ова е продолжение на тоа што ЕК го направи во 2020 година кога на земјава и беа доделени 40 милиони евра неповратни средства за социјално-економска отпорност и справување со КОВИД-кризата.

-Поддршката продолжува со уште 100 милиони евра кредит од Европската комисија по поволни услови. Со 100-те милиони се поддржуваат политиките за фискална консолидација, растот и развојот на економијата. Дополнително, во соработка со Европската комисија, има и 100 милиони евра за стопанството, закон што е веќе во собраниска процедура, потсети Бесими.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy