Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесими: 7,5 милиони евра од ЕБОР и ЕУ за заеднички железнички премин на Табановце
Македонија

Бесими: 7,5 милиони евра од ЕБОР и ЕУ за заеднички железнички премин на Табановце

14/12/2023

AA

Министерството за финансии преку Европската банка за обнова и развој и ЕУ обезбеди 7,5 милиони евра за реализација на проектот за воспоставување заеднички железнички премин – Табановце. Договорот е потпишан од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими и претставникот на ЕБОР во земјава, Фатих Туркменоглу,

„Потпишавме Договор за заем од Европската банка за обнова и развој за реализација на овој значаен инфраструктурен проект кој е насочен кон подобрување на квалитетот на железничката инфраструктура во земјава и подобрување на меѓународната соработка и поврзаност со соседна Србија, со која всушност заеднички ќе се изведува овој проект“, рече министерот Бесими по потпишување на Договорот.

Тој потенцира дека ова е само дел од напорите што ги прави Владата и Министерството за финансии за обезбедување финансиски средства за реализација на развојни проекти, кои ќе придонесат кон остварување забрзан и одржлив раст на земјата, а со тоа и приближување кон стандардот на ЕУ.

Со потпишаниот договор се обезбедуваат 5 милиони евра од ЕБОР за реализација на овој проект, за кој се обезбедени и 2,5 милиони евра грант од ВБИФ инвестицискиот фонд на ЕУ.

„Ова е само дел од долгата листа проекти на кои посветено работиме во изминатиот период за да обезбедиме финансиски средства за нивна реализација, а кои ќе обезбедат одржлив раст и позабрзана конвергенција кон ЕУ. Обезбедените 7,5 милиони евра за реализација на овој проект, се дел од големиот пакет од над 700 милиони евра за реализација на крупни инфраструктурни проекти, а за кои беа усвоени и законските решенија оваа недела во Собранието. Дополнително за истакнување е дека во рамки на Буџетот за наредната година се планирани 733 милиони евра за капитални расходи“, рече министерот Бесими.

Тој додаде дека покрај овие средства за развојни цели, обезбедени се средства и од над 250 милиони евра и за справување со кризата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се

28/08/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се знае во септември

28/08/2026

Пензионерите на почетокот на септември ќе дознаат колкаво ќе биде новото зголемување на пензиите, а првичните пресметки покажуваат раст од

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026

Непочитувањето на сообраќајните правила повторно резултираше со голем број полициски интервенции низ земјава. Во текот на изминатото деноноќие, 16 возачи

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026

Жешкиот воздушен бран од Африка денеска носи и зголемено количество сахарска прашина и песок над Македонија, поради што атмосферата на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy