Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесија Иљази призна злоупотреба на службената положба за да се спаси од затвор
Магазин

Бесија Иљази призна злоупотреба на службената положба за да се спаси од затвор

12/03/2025

AA

Поранешната економска директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, призна дека ја злуопотребила службената положба и овластување и се спаси од затвор. Покрај условна осуда неа и е изречена мерка заштитен надзор во времетраењето на условната осуда што значи дека треба да почитува насоки што и ги дава судот во тоа време.

Таа според обвинението, додека беше организациска директорка на Клиниката за токсикологија ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица. Клиниката за токсикологија во друга постапка ќе бара отштета од неа за финансиските загуби што ги претрпе, како и за нарушувањето на угледот на Клиниката за време на нејзиното директорување.

 Иљази и спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси, Изборниот законик и Законот за здравствена заштита во мај 2024 година  склучувала договори за дело со лица за нивно работно ангажирање на Клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман. На списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи. На овој начин буџетот на Клиниката бил оштетен за сума од 659.781 денар, а истовремено на ангажираните лица им била овозможена противправна имотна корист.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведен 27-годишен скопјанец: Сопругата го пријавила дека ја нападнал дома,

02/09/2026
Македонија

Арљинда Хасани Синани именувана за нова вицегувернерка на Народната банка

02/09/2026
Македонија

Македонската химна одекна во Таранто: Белистојаноски освои злато!

02/09/2026
Македонија

„Комити“ најавија бојкот на Вардар: Бараат оставка од управата предводена

02/09/2026
Македонија

Вештачење за „Пулс“: 13 години немало противпожарна инспекциска контрола во

02/09/2026
Македонија

Шасивари: Борбата против криминалот и корупцијата во затворите е приоритет

02/09/2026
Македонија

Метеоаларм: Невреме со силен ветер и град ја зафаќа Македонија

02/09/2026
Македонија

Скопје доби градски воз, Ѓорѓиевски: Ова е новото Скопје што

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45399
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведен 27-годишен скопјанец: Сопругата го пријавила дека ја нападнал дома, па ја однел во шума

02/09/2026

Полицијата привела 27-годишен скопјанец по пријава од неговата 21-годишна сопруга за физички напад, кој, според нејзиното сведоштво, продолжил и откако

Арљинда Хасани Синани именувана за нова вицегувернерка на Народната банка

02/09/2026

Со одлука на Собранието, Народната банка добива нова вицегувернерка. Арљинда Хасани Синани е именувана на функцијата на предлог на гувернерот

Македонската химна одекна во Таранто: Белистојаноски освои злато!

02/09/2026

Македонската химна одекна во Таранто! Каратистот Матеј Белистојаноски освои златен медал на 20. Медитерански игри и ѝ го донесе на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy