Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БЕРЕВ МАЛИНИ, РАБОТЕВ 12 ЧАСА, ДОБРА Е ДНЕВНИЦАТА, АМА ДУША МИ ИЗЛЕЗЕ: Македонка се врати од работа во Србија
Економија

БЕРЕВ МАЛИНИ, РАБОТЕВ 12 ЧАСА, ДОБРА Е ДНЕВНИЦАТА, АМА ДУША МИ ИЗЛЕЗЕ: Македонка се врати од работа во Србија

07/07/2023

AA

Дваесет и четири годишната В.С. од Скопје, била на берење малини во соседна Србија,во близина на српскиот град Чачак.

Сега се врати оттаму, вели убаво плаќаат,но работата е премногу напорна.

“Дневницата е 50 евра. Па сега пресметајте дали е исплатливо или не. Но работата е кошмар. Нема сенки, сонце пука,работиш од седум наутро до седум навечер. Не е издржливо. Затоа Србите не сакаат да ја работат оваа работа,неиздржлива е” вели девојката.

Вели дека кога би и требале пари, повторно би заминала,но само ако мора.

“Работата е неиздржлива, навистина. Луѓето многу тешко издржуваат цел ден на сонце. Плус,гранките на кои растат малините де преполни со боцки, еве,лично јас, целата сум со рани на рацете. Од сонцето сум изгорена,раните болат…. Секоја чест на луѓето што ја работат оваа работа. Јас издржав еден месец, земав плата 1.500 евра и се вратив. За млади како мене е ок, ете си спечалив пари за да одам на одмор”раскажува таа.

Додава и дека сместувањето било бесплатно,а имале и вклучени оброци.

“Луѓето се прекрасни, многу се фини, меѓутоа,работата е таа и ти како работник си запознаен со условите. Некому што е навикнат не му е тешко,но на нов човек му доаѓа шок. Газдите дневниците ги даваат по завршувањето на работниот ден- додава.

По завршувањето на работниот ден,вели дека немала сила за ништо .

” Мртов уморен се тушираш, вечераш и легнуваш во кревет,за да имаш сила за следниот ден. Немаш простор за шетање и уживање. Цело тело те боли, претепан си- вели.

На местото каде што работела,претежно биле помлади луѓе,иако имало и постари кои дошле од што имале потреба од пари.

– Секако беше незаборавно искуство. Дали би отишла пак не знам, добро би размислила- завршува таа.

Ф.Р

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТЕН ТЕНДЕР ОД 8 МИЛИОНИ ЕВРА, ИСПРАНИ 2 МИЛИОНА ЕВРА

21/12/2025
Македонија

Магија во длабочините на Охридското Езеро: Елка под вода за

21/12/2025
Македонија

СЛЕТАА 13, ПОЛЕТАА 13 АВИОНИ, ОТКАЖАНИ 20, А ПРЕНАСОЧЕНИ 2

21/12/2025
Македонија

Биланс од маглата: Дури 20 летови откажани денеска, но сообраќајот

21/12/2025
Македонија

ХАОС НА УНГАРСКАТА ГРАНИЦА: 33 автобуси полни со патници „заглавени“

21/12/2025
Македонија

ОТКАЖАНИ СЕ 20 ЛЕТОВИ, АЕРОДРОМОТ НЕ Е ЗАТВОРЕН Маглата предизвикува

21/12/2025
Македонија

Зимата пристигна точно во 16:03 часот – пред нас се

21/12/2025
Македонија

Ултиматум до Владата: Или исплата на субвенциите неделава или блокади

21/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39272
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАМЕСТЕН ТЕНДЕР ОД 8 МИЛИОНИ ЕВРА, ИСПРАНИ 2 МИЛИОНА ЕВРА Петрушевски ја објасни криминалната шема

21/12/2025

Криминалната шема на СДСМ и ДУИ во ЕСМ испрала 2 милиони евра пари на граѓаните, рече денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ

Магија во длабочините на Охридското Езеро: Елка под вода за „малите херои“ со ретки болести

21/12/2025

Празничната магија не ги заобиколи ниту длабочините на Охридското Езеро. Традиционално, и оваа година блесна новогодишна елка под површината на

СЛЕТАА 13, ПОЛЕТАА 13 АВИОНИ, ОТКАЖАНИ 20, А ПРЕНАСОЧЕНИ 2 ЛЕТА Меѓународниот аеродром Скопје е

21/12/2025

Од ноќеска на полноќ до вечерва во 20 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла откажани

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy