Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Белорусија воведе смртна казна за велепредавство
Македонија

Белорусија воведе смртна казна за велепредавство

09/03/2023

AA

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денсак го потпиша законот што овозможува примена на смртна казна врз службеници и припадници на вооружените сили осудени за велепредавство, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Белорусија, која е земја близок сојузник на Русија, е единствената во Европа што сè уште ја применува смртната казна.

Досега смртната казна се применуваше за злосторства како убиство или терористички акти.

Егзекуциите се извршуваат со еден истрел во задниот дел од главата.

Споменатата промена е дел од измените на Кривичниот законик, чија најавена цел е зајакнување на борбата на Белорусија против „злосторствата од екстремистичка (терористичка) или антидржавна ориентација“.

Според друга измена, што денеска исто така беше одобрена од Лукашенко, лице осудено за „дискредитација“ на белоруските вооружени сили ќе добие затворска казна.

Русија донесе сличен закон по инвазијата врз соседна Украина, пред нешто повеќе од една година.

Белорусија досега не испрати свои војници во Украина, но и дозволи на Русија да ја користи нејзината територија за да ја почне инвазијата врз Украина, на 24 февруари 2022 година.

Ова земја, исто така, им дозволува на руските авиони и беспилотни летала да го користат воздушниот простор за напади врз Украина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Богојески: Тргувам со биткоини на светски берзи, македонската е намерно

09/06/2026
Македонија

Си ја пријавил дека ги оставала децата да спијат во

09/06/2026
Македонија

Николовски: Власта ветуваше поништување на Преспанскиот договор, а денес немаат

09/06/2026
Македонија

Богојески: Македонија е во банкарско ропство на монополи, решението е

09/06/2026
Македонија

НИКОЛОВСКИ ПРЕД ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА: Земјоделството е во колапс, соработниците на Трипуновски

09/06/2026
Македонија

ЈАКИМОВСКИ ПО ПРЕСУДАТА ЗА ЗАТВОР: Ова е политичка одлука за

09/06/2026
Македонија

Апелација ја потврди казната на ексградоначалникот Стевчо Јакимовски!

09/06/2026
Македонија

Кривичен ја прифати гаранцијата од 55.000 евра за осомничениот Стефан

09/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43676
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy