
Белингам, Гризман и Дембеле меѓу најголемите разочарувања на Европското првенство
Во тимот, меѓу другите, се двајца српски (Влаховиќ и Милинковиќ-Савиќ) и двајца хрватски играчи (Ливаковиќ и Брозовиќ), но има и многу поинтересни имиња. На пример, тука е најдобриот фудбалер на Реал од последната сезона Џуд Белингам, потоа долгогодишниот француски репрезентативец Антоан Гризман, како ни еден од најскапите во историјата на Барселона, Усман Дембеле. Интересно е тоа што Белингам беше автор, односно стрелец на голот при единствената победа на Англија, но и покрај тоа не ги задоволи вкусовите на аналитичарите.
Покрај спомнатите, во тимот на разочарувањата има уште двајца од шкотската репрезентација и по еден од Италија и Португалија.