
БЕЛГРАД ЌЕ ДЕПОРТИРА РУСКИ АНТИВОЕН АКТИВИСТ: Лидерот на проукраинските протести, Никитин најави тужба, „барем не ме тепаат овде“
„Барем не ме
тепаат овде, а полицајците се љубезни со мене“, изјави Питер Никитин, руски
антивоен активист и еден од водачите на проукраинските протести во Белград,
кому утрово му беше забранет влез во Србија на аеродромот Никола Тесла.
На Никитин му
била издадена наредба за депортација од Србија.
Тој за Данас
посочува дека планира да поднесе тужба против Министерството за внатрешни
работи на Србија.
Вели дека влегол
во Србија со холандски пасош кога бил запрен и му дале решение за одбивање влез
во Србија без образложение.
На прашањето
зошто БИА бара негово протерување, Никитин вели дека нема објаснување и дека
полицајците кои му го предале решението за одбивање влез во Србија рекле дека
„наредбата е одозгора“.
Тој посочува дека
никогаш досега немал слични ситуации, ниту пак бил повикан во просториите на
БИА на распит. Моментално се наоѓа во пограничната зона на белградскиот
аеродром и чека…
„Немам каде да се
вратам. Имам постојан престој во Србија. Имам српска лична карта,
државјанство. Имам две деца овде. Ова е кршење на законот“.
За да го депортираат, додава, би морале да му откажат
постојан престој, но и тогаш немаат основа да бараат депортација бидејќи не
направил никаков прекршок.
„Мојата претпоставка е дека ме сметаат за опасност за
националната безбедност бидејќи отворено сум против војната што Русија ја води
во Украина. Никитин нагласува
дека е разочаран и изненаден од ваквото непочитување на законот во Србија.
Ситуацијата низ
која минува, вели, го потсетува на Руската Федерација, чие државјанство го има
и тој, што ги кара „непослушните и неподобни граѓани“.
ФОТО: ФБ