
Белгија со фантастичен пресврт до првата титула европски шампион!
По двете бронзи на последните три континентални собири, Белгијките вечерва долго време не ни размислуваа на златото со оглед што константно беа во негатива и тоа најмногу со минуст десет поени (38-48). Но, предводени од фантастичната Масеман до крајот на правија серија 26-10 со која направија резултатски пресврт и дојдоа до историската победа. Месеман со 24 поени беше најдобра кај Белгија, пред Линскенс со 18 поени и 15 скока, додека Касас со 14 и Карера со 12 поени и седум скока беа најдобри кај Шпанките.
Претходно, во натпреварот за третото место, Франција убедливо ја совлада Унгарија (82-68) и дојде до бронзениот медал. Прва поентерка кај „триколорките“ беше Туре со 20 поени, пред Руперт со 13 поени, додека кај Унгарките, Кис заврши со 21, а Горе имаше 15 постигнати поени.
