Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Истанбул не дозволува Парада на гордоста, има апсења
Македонија

Истанбул не дозволува Парада на гордоста, има апсења

25/06/2023

AA

Турската полиција уапси демонстранти од ЛГБТ+ заедницата во Истанбул кои денеска се обидоа да одржат Парада на гордоста и покрај забраната на властите, објави турското издание „Дувар“, не прецизирајќи го бројот на уапсени.

Во рамките на денешниот 21. Прајд во Истанбул, полициски екипи со бариери ги блокираа сите улици кои водат кон булеварот Истиклал и централниот плоштад Таксим, а запрени се и услугите на метрото и жичницата.

Активисти на ЛГБТ+ заедницата прочитаа соопштение во паркот Мустак, по што планираа марш до Таксим, но полицијата ги спречи, пренесува БТА.

„Има една работа што забораваат оние кои сакаат да ни забранат сè, дури и чајанки – ние секогаш сме биле тука“, се вели во соопштението. „Денес сме тука и покрај сите ваши забрани и покрај вас. Гласно изјавуваме дека нашата борба нема да се вклопи во една парада или една недела, дека секој наш марш е марш на честа“, изјавија активистите.

Многу настани планирани да се одржат во рамките на месецот на гордоста на ЛГБТ+ заедницата беа забранети низ земјава, потсетува „Дувар“. Минатата недела, градоначалникот на Истанбул, Давут Ѓул, објави дека маршевите на Неделата на гордоста се забранети, велејќи дека „никогаш нема да бидат дозволени групи кои демонстрираат без дозвола“.

Парадите на гордоста се забранети во Истанбул од 2014 година, кога на ваква поворка во метрополата се собраа 100.000 луѓе. Властите ги образложија своите забрани во изминатите години со безбедносни причини или тоа што Недела на гордоста што се совпаѓа со муслимански верски празник.

Настаните на Неделата на гордоста посветени на ЛГБТ+ луѓето и нивните права во Турција се организираат од 1994 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy