Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши: Зголемување на ДДВ-то нема да ја зголеми инфлацијата, нема поскапување на производи со „гарантирана цена“
Економија

Бектеши: Зголемување на ДДВ-то нема да ја зголеми инфлацијата, нема поскапување на производи со „гарантирана цена“

09/10/2023

AA

Ниту еден од производите со „гарантирана цена“ нема да има ДДВ поголем од пет отсто, потенцираше министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, цената на овие основни прехранбени производи може да биде само дополнително намалена, но не и зголемена. 

Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата  „Македонска економија-довербата расте“, посочи дека и покрај зголемување на ДДВ-то „нема шанси да порасне инфлацијата во делот на храната“.

Сепак, тој повторни дека се уште во целост не ја погледнал листата на производи за кои се најавува зголемување на данокот на додадена вредност, но доколку се утврди дека со неа се опфатени и некои од основните прехранбени производи со гарантирана цена, тоа, потенцира, ќе биде веднаш корегирано.  

– Им гарантирам на граѓаните дека ако во листата на производите со зголемено ДДВ има технички грешки направени од вработените во Министерството за финансии, тоа утре ќе биде ревидирано. Во однос на другите производи, тоа е одлука на Министерството за финансии и ќе имаме можност дополнително да ја разгледуваме. Јас утрово разгледав одредени производи од листата, во текот на денот ќе ја прочитам цела листа и ако има потреба, утре на владина седница, како Министерство за економија ќе го кажеме нашиот став – подвлече Бектеши.  

На прв поглед, дополни, двете одлуки, за „гарантирана цена“ и за зголемен ДДВ можеби се контрадикторни, но, како што потсети, листата на производи со замрзната цена е направена врз основа на анализи и факти. 

Според него, има простор за дополнително намалување на цената на основните прехранбени производи до крајот на ноември и декември и тоа, најави, ќе се случи.  

– Основните прехранбени производи опфатени со одлуката за „гарантирана цена“ ќе бидат само намалени, не може да се случи да бидат зголемени. Нема опција тие да бидат поскапени – нагласи министерот.  

Во врска со одлуката за овошјето и зеленчукот, потсети дека е изменета. 

– Тука нема целосно замрзнување зашто ги укинавме царинските давачки и за јужното овошје и за други земјоделски производи. Затоа, да бидеме внимателни кога правиме споредби – рече Бектеши.  

Министерот е уверен дека во однос на инфлацијата ќе биде надминато она што го вети Владата до крајот на годината. Во континуитет, секој месец, ќе има, како што напомена, намалување на инфлацијата, посебно во делот на храната. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45870
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Аргументите мора да

29/09/2026

Со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy