Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши: Со фирмите имавме џентлменски договор, но не го испочитуваа
Економија

Бектеши: Со фирмите имавме џентлменски договор, но не го испочитуваа

23/02/2023

AA

70 отсто од компаниите кои користеле субвенционирана енергија од државата не ги намалиле цените на прехранбените производи. фирми. Поради несовесните сопственици, сега и оние што ги почитувале правилата ќе плаќаат поскапо за струја, бидејќи владата ја укинува помошта, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Економски магазин“ синоќа на ТВ Алсат.

„Според прелиминарните податоци, значителен дел од фирмите кои се над 250, а ја користат мерката за субвенционирање на електрична енергија, речиси над 60-70 отсто не ја почитувале истата одлука, а ги задржале истите цени во однос на месецот ноември пред да стапи во сила одлуката за субвенционирање на струјата. Затоа, по крајот на месецот, како што предупредивме, Министерството за економија ќе и предложи на Владата да донесе одлука за укинување на оваа мерка“, изјави Бектеши.

Министерството за економија го добил извештајот на Пазарниот инспекторат и по завршната анализа не ја исклучува можноста неговиот ресор да и предложи на Владата укинување на мерката за субвенционирање на електрична енергија.

„Имавме повеќе средби со стопанските комори, особено со секторите кои се занимаваат со производство на основни производи, каде сите дојдовме до заклучок дека Владата треба да преземе соодветни мерки за да им помогне за да ги намалат цените на леб, масло, тестенини и млеко. Значителен дел од локалните компании, за жал, не го испочитуваа џентлменскиот договор што го постигнавме меѓу Владата и стопанските комори. Извештајот како министер за економија го прифативме од Пазарниот инспекторат, конечниот извештај треба да се направи до крајот на овој месец. Според прелиминарните податоци, имаме дека значителен дел од компаниите кои ја искористиле мерката за субвенционирање на електрична енергија, би рекол над 60 некаде до 70 отсто, не ја почитувале одлуката и ги задржале истите цени, во однос на месецот ноември, пред да стапи во сила одлуката за субвенционирање на електрична енергија. Затоа Министерството за економија ќе и предложи на Владата да донесеме одлука за укинување на оваа мерка за субвенционирање“,рече Бектеши.

Сепак, според него, дел од мерките остануваат за некои релевантни институции.

„Мерките за основните и средните училишта ќе останат, тоа го ветивме. За Јавните општински претпријатија ќе останат до крајот на кризата. За компаниите предлогот на Министерството за економија до Владата ќе биде да ги укине и тие средства да ги искористи за поддршка на граѓаните, особено за оние кои немаат големи приходи“, најави министерот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy