Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МНОГУ ДЕЦА НЕ МОЖАТ ДА ЗБОРУВААТ: Бекирова објаснува какви последици ќе имаат луѓето во Турција од преживеаните трауми
Регион

МНОГУ ДЕЦА НЕ МОЖАТ ДА ЗБОРУВААТ: Бекирова објаснува какви последици ќе имаат луѓето во Турција од преживеаните трауми

23/02/2023

AA

Медиумите јавија
дека многу деца во Турција по разорните земјотреси, не можат да зборуваат
поради доживеаната траума.

Наташа Бекирова, психолог и семеен советник од Психомедика
онлајн платформа вели дека овие
деца беа сведоци на страшни сцени, изгубија блиски, поради што уште долго ќе
имаат траума и ќе им треба помош. Сето тоа е премногу за децата кои не можат да
ја разберат новонастанатата ситуација.

„Според психолошката
хиерархија на потребите, најбазични и најургентни се физиолошките потреби, потребата за
храна, вода, за воздух. На второ место исто така многу знајчајна е потребата за
сигурност, безбедност, заштита. За жал, она што се случи на турското тло беше дека
всушност децата долги
часови беа под  рушевини, заглавени, во агонија, без блиски, без храна,
без вода.. Голем дел од нив ги изгубија родителите, братчиња, сестричиња..
Целиот свет којшто претходно бил стабилен и постојан, полн со предвидливост и
сигурност наеднаш го снемува, а детското мозоче нема капацитет рационално да ја
разбере целата новонастаната ситуација. Токму затоа, сè ова е еден силен
трауматски настан, преполн со страв и несигурност кој може да доведе до тешки
моментално видливи последици како пелтечење, губење на говорот, но понатаму и
детска депресија и анксиозност. Децата во рана возраст исклучиво ги обработуваат своите искуства
преку игра, може да се јави повторувачка игра, а со тоа може
повторно и одново да ги преживуваат трауматските настани на овој начин
заглавени во тој процес што ако не се реши како таков, може да го промени
развојот на мозокот и системот за одговор на стресот на телото“,
објаснува Бекирова.

Додава дека во овој
момент на децата
треба да им се обезбеди
колку што е можно постабилно и сигурно секојдневие, по можност со роднини и блиски луѓе.

„Многу е важно во блиска иднина на овие
дечиња им се понуди стручна помош каде ќе можат преку игра, цртање, моделирање,
игри на улоги да се работи на стравот, тагата и како да се справат со нив. Веројатно е дека дечињата кои беа сведоци на
земјотресите, уште извесно време ќе си ги носат во себе
трауматичните настани. Исклучително важно е да се превземат сите можни мерки за
психолошка помош и поддршка на децата, но и родителите“, рече Бекирова.

Месецов во Турција имаше
над 7.000 потреси. Погодена беше и соседната Сирија. Луѓето ги изгубија своите
домови, работните места, загинаа и цели семејства.  Дел од луѓето
кои спасувачите ги извадија од под урнатините после неколку дена по
земјотресот, починаа на пат кон болница или во болнички услови. Геолошкиот
институт на САД тврди дека земјотресите
во Турција и Сирија можат да траат со денови, месеци или години. 

Сања Атанасовска

foto EPA-EFE/ERDEM SAHIN

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОЈО ГОКК отвори истрага за корупција во Судот во Гостивар:

14/05/2026
Македонија

Што ги движи иновативните компании? Реплек и Економскиот факултет отворија

14/05/2026
Македонија

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта

14/05/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Употребата на придавката „македонски“ не може да се забрани

14/05/2026
Македонија

Миро Кацаров е нов директор на Универзална сала

14/05/2026
Македонија

Кумановец тешко повреден по излетување со „Ауди“ на автопатот кон

14/05/2026
Македонија

Серискиот убиец од Старо Нагоричане убил четири жени и имал

14/05/2026
Македонија

Чучуљ: ДКСК нема надлежност да се меша во одлуките на

14/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43268
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОЈО ГОКК отвори истрага за корупција во Судот во Гостивар: Барале 8.000 евра за интервенции

14/05/2026

Денеска предметен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои како соизвршители

Што ги движи иновативните компании? Реплек и Економскиот факултет отворија дебата за иднината на бизнисот

14/05/2026

Како компаниите создаваат конкурентска предност во време на брзи технолошки и пазарни промени, каква улога имаат иновациите, организациската култура и

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА

14/05/2026

Повеќе од 70  експерти, претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од повеќе земји од регионот се дел од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy