Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши ги откри маркетите кои биле затворени поради непочитување на мерките: Одлуката не е направена преку ноќ, имаа рок!
Македонија

Бектеши ги откри маркетите кои биле затворени поради непочитување на мерките: Одлуката не е направена преку ноќ, имаа рок!

25/09/2023

AA

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска обелодени дека во скопскиот регион се затворени маркети на „Веро“ и „Вива фреш“ поради непочитување на владините мерки за намалување на цените на прехранбените производи.

– Нема зошто да се има страв да се наведат, но и вие, медиумите, треба да ги наведете маркетите бидејќи најверојатно ви ургираат заради рекламите и не ги наведувате, туку само ги споменувате дека се затворени, а граѓаните треба да знаат кои маркети се затворени, а кои ги почитуваат мерките, изјави Бектеши.

Во саботата, според директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, биле извршени над 50 контроли при што затворени се пет големи ланци на маркети по основ на Законот за потрошувачи, односно по основ на нечесни трговски пратки, а седум маркети се казнети поради непочитување на владината одлука.

– Петдневно затворање е доволно за овие компании, рече денеска Трајковски, кој заедно со министерот Бектеши и со премиерот Димитар Ковачевски.

Со новата мерка на Владата, како што соопшти премиерот Ковачевски, кај повеќе од 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната и месната индустрија, цената е намалена за 10 проценти во однос на цената од 1 август, а кај некои намалувањето е од 30 до 40 проценти.

– Во маркетите веќе овие производи добија ознака „гарантирана цена“, со оваа мерка придонесуваме и покрај инфлациските притисоци, заеднички и солидарно даваме поддршка на нашите граѓани, рече Ковачевски.

Во однос на денешната изјава на извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев дека маркетите немале доволно време за да се „престројат“ во однос на намалувањето на цените, министерот Бектеши рече дека одлуката не е направена преку ноќ и дека маркетите имале рок од речиси 10 дена да ги направат измените.

– Имав директни состаноци и со големите ланци супермаркети, и со добавувачите и со производителите една недела пред да се донесе мерката на Влада, рече Бектеши.

Законот за нефер трговска практика, според најавите на министерот Бектеши, во текот на оваа недела ќе биде доставен до Владата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy