Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши: Дополнителни мерки од ноември, поевтинуваат и други категории производи!
Македонија

Бектеши: Дополнителни мерки од ноември, поевтинуваат и други категории производи!

19/10/2023

AA

Дополнителните антикризни мерки може да се очекуваат од ноември, а до крајот на овој месец би требало да бидат и дефинирани, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што информира Бектеши, на креирање на мерките се работи интензивно. Тој е запознаен, рече, со некои од предлозите, но кои мерки ќе се донесат, ќе биде договорено во рамки на разговорите, заедно со стопанските комори и со сите останати засегнати страни.

Бектеши изрази благодарност до стопанството, посебно до домашните производители, „кои доброволно, во одредени моменти, ги намалуваат цените“.

Според министерот, сите податоци покажуваат дека цените во малопродажбата се намалуваат, особено оние опфатени со владината одлука, а има податоци и дека и се намалуваат цени и од другите категории производи.

-Во однос на новите, дополнителни мерки, драфтовите се веќе речиси при крај. Разговараме заедно со стопанските комори и со сите други засегнати страни и најверојатно до крајот на месецот јавноста ќе биде известена во делот на тоа како би изгледале сите антикризни мерки до крајот на оваа година. Јас секогаш се обидувам да бидам многу внимателен, не сакам лично на тие луѓе што се експерти, што работат таму да им влијаам на тоа како мислам дека би требало да изгледаат мерките. Ние како Влада сме воспоставиле принцип на јавно-приватни разговори со сите засегнати страни, со стопанските комори согласно анализите, предлозите, нивните сугестии и потребите, вклучувајќи ги тука и синдикатите. Така се дизајнираат мерките во рамки на буџетските можности. Моја желба би можела да биде да земат што повеќе луѓе, но согласно можностите кои се и предлозите на стопанските комори и синдикатите во таа насока ќе се носат мерките. Јас знам предлози, а за конкретни мерки, за тоа ќе одлучат Владата и министерствата, секако во рамки на нивните сектори, напомена министерот.

На прашањето дали можеби ќе има некаква прераспределба на буџетските средства за реализација на дополнителните антикризни мерки, тој потсети дека антикризните мерки ќе се реализираат со средства од П1 програмата.

-Колку што знам, а и вие треба да знаете, распределбата на Буџетот помина во Собранието и веќе имаме Буџет кој е во сила и кој не може да се менува. Во делот на П1 програмата има предвидено одредени средства за реализација на антикризните мерки и во рамки на тие средства се реализираат антикризните мерки. Буџетот моментално не може да се менува, бидејќи треба да се менува во Собрание, објасни Бектеши.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во

13/10/2026

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy