
„Бегајте сега од Газа, секаде ќе употребиме сила“, Нетанјаху ги предупредува Хамас: Израел подготвува одмазда – арапскиот свет во војна
Бенјамин Нетанјаху му се закани на Хамас.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во долга објава на платформата „икс“ напиша дека „Израел ќе ја добие оваа војна без разлика на високата цена“.Тој му се закани и на Хамас.
„Во сите делови на Газа каде што е присутен Хамас и каде што се кријат нивните борци, ќе останат само урнатини. Сега им порачувам на жителите на Газа – сега бегајте бидејќи ќе употребиме сила насекаде“, рече Нетанјаху.
Беше објавено и дека во битката со Хамас загинал израелски командант, соопштија израелските одбранбени сили. Станува збор за полковникот Џонатан Стајнберг, кој бил командант на бригадата Нахал.